Хрватска шокирана од морбиден чин: Ја убила сестра си, па ја чувала во замрзнувач 20 години
Објавено во: Балкан 19 Февруари, 2019
Морбиден чин на злосторство го потресе регионот.
Мештаните на хрватското село Паловца се шокирани со дознавањето дека мртвото тело на Јасмина Доминиќ 19 години било скриено во замрзнувач во нејзината семејна куќа.
Јасмина исчезнала во 2000 година, но исчезнувањето е пријавено после неколку години. Тогаш, на 23 годишната студентка и се губи секаква трага, а до големиот пресврт дошло минатата сабота.
Поради сомнение за убиство е приведена нејзината сестра Смилјана.
Смилјана Срнец признала дека до смрт ја претепала сопствената сестра Јасмина. Мештаните тврат дека тие две , иако биле сестри,никогаш не биле блиски.
Се разликувале по се. Јасмина Доминиќ била одлично дете, згодна , омилена. Смилјана бак била целосна спротивност од сестра си.Немале заеднички пријатели, ретко ги гледале заедно.
-Беа различни. Јасмина студираше, а Смилјана едвај поминуваше во школо- вели Стефан, мештанин од Паловца.
Додека Јасмина студирала, Смилјана привремено работела како келнерка во локален кафе бар. Денес не постои, а куќата во која се наоѓал е урната. Таа работа, сепак не и била постојана. Повеќе била невработена отколку што работела.
-Татко им пиеше многу. Беше одличен фудбалер, но често пијан-вели еден од мешатните, пренесуваат медиуми од регионот. Фреди, таткото на Јасмина и Смилјана, играл за локален Динамо. Како раскажуваат бил многу добар на терен. Откако Јасмина исчезнала, Фреди често знаел во пијанство да ја довикува ќерка си.
Во времето, кога Јасмина исчезнала, Смилјана го родила првото дете, но никој не знае кој е таткото-велат мештаните.
Години подоцна се омажила за локален керамичар. Тој е ситен, а таа крупна. Се знаеше во куќата, кој е кој, зборуваат.
Поради газдувањето на Смилјана, веруваат, сопругот никогаш не помислил да погледне во замрзнувачот во кој лежело телото на Јасмина. Додека тој замрзнувач минатиот викенд не се расипал.
-Не знам како можела толку години да живее покрај мртвата сестра. Секој ден одеше во кладилница, почесто отколку еден маж - вели Стефан. Мисли дека Смилјана има тешки психички проблеми, поинаку не може да го објасни животот покрај мртво тело во замрзнувач.