23 Април, 2024
0.0302

Хрватската полиција ја враќа истрагата на почеток: Пријателите на Матеј повторно на полиграф

Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Иако хрватската полиција не ги открива сите детали од потрагата по исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит во Белград чија трага се губи на новогодишната ноќ, „Новости“ дознава дека неговите пријатели, кои биле со него кобната ноќ во клубот „Готик“ во Бетон хол, повторно се на распит.

Доколку има потреба, повторно ќе им биде извршено полиграфско тестирање, за да се утврди дали ја кажале целосната вистина на полицијата во Србија. Наводно во нивните изјави има две различни верзии, па сплитската полиција сака да ја дознае целосната вистина.

Резултатите од истрагата ќе бидат испратени до колегите во Србија, за да се добие целосна слика за настаните што му претходеа на исчезнувањето на Матеј ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година. Неговите пријатели сѐ уште не даваат изјави за медиумите, а полицијата на двете земји постојано разменува информации важни за расветлување на целиот случај.

Хрватскиот новинар Душан Миљуш, кој го следеше случајот во Белград за „Јутарњи лист“, вели дека сослушувањето на пријателите на Матеј може да трае неколку дена. Овој хрватски весник во понеделникот објави дека на пријателката на Матеј, Сплитјанката Маја С., со која тој комуницирал во кобните вечери, наводно не и било дозволено да ја напушти Србија и дека и бил одземен пасошот, што во понеделникот српското МВР го демантираше.

Пред десетина дена пред зградата на полицијата во Белград ја пречекал Ненад Периш, таткото на Матеј. Весникот ги цитира зборовите на Ненад дека Маја рекла дека не успеала да комуницира со Матеј поради вревата во кафеаната. Точноста на таа изјава допрва треба да се утврди.

- Син ми се обидел да го оствари последниот контакт со пријателката на својата пријателка испраќајќи и порака на „Инстаграм“, но таа не му одговорила - вели Ненад Периш, таткото на исчезнатиот млад човек. 

-Немам информација дека мојот Матеј се слушнал со пријателката. Таа не одговорила на неговата порака. Не дознав што сакал од неа. Убеден сум дека пријателите на Матеј кажаа се што знаат и дека им е тешко поради се што се случи. Ми рекоа дека „мислеле дека разговара со некого, па не го барале веднаш“. Ги разбирам, бидејќи сите дојдоа да се забавуваат.


Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?