Хрватската Влада во дресови на седница
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2018
Хрватската Влада денекса одржа седница облечена во дресови на хрватската репрезентација, со црвено-бели маици.
„Денеска е посебна седница на Владата на Хрватска. Во недела сме прваци“ - напишаа на Твитер.
Хрватска синоќа ја победи Англија на Светското првенство во фудбал во Москва и се пласираше во полуфиналето, а финалниот натпревар ќе биде одигран во недела со Франција.