25 Април, 2024
0.0275

ХРВАТСКИ ТУРИЗАМ И МАКЕДОНСКИ РАБОТНИЦИ: Koлку може да се заработи?

Објавено во: Економија 21 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Заработувам 1300 евра, имам обезбедено сместување и храна, вели момче од Куманово кое работи како шанкер во хрвaтскиот град Ровињ.

За тоа како еден македонски работник ќе се снајде и ќе го „продаде“ својот труд, зависи од градот каде ќе работи, од газдите, од искуството.

„Живеам во центарот на градот и работам од 15 до 23 часот еден ден, а веќе следниот ден од 18 до 23 часот. Но, проблем е што на сезонците не им даваат слободни денови. Платите се движат од 600 до 1300 евра, зависи како ќе ви се погодат газдите, колку ќе имате среќа да најдете добра работа и што ќе работите. Во другите локали се работи и по 12 часа дневно. Овде има доста македонски работници, претежно Албанци од Македонија“ - раскажува ова момче.

Тетовчанец кој работи во ресторан во градот Пореч вели дека сезоната почнува од 1 мај и трае до 1 октомври, период во кој има работа.

„Јас втора сезона сум во Хрватска и работам во ресторан кој работи од 20 до 24 часот. Се работи од 10 до 13 часа со два часа пауза и ова се однесува за ресторани каде газдите се Албанци, но се долго време во Хрватска. Кај Хрватите се работи во смени, слободен ден нема. Платата е добра според работното време, има платено сместување и храна. Условите не се како дома, но тоа е печалба. Келнер може да заработи од 1200 до 1600 евра плата. Хрвати нема, заминати се во Ирска или Германија, а овде работат Босанци, Срби, Македонци“- вели Г.И. од Тетово.

Владата на Хрватска, оваа година објави квота за вработување на 31.000 странци, од кои, за туризам и угостителство се доделени 4.660 лиценци.

Но, на социјалните мрежи имаше и  хрватски граѓани кои негодуваа зошто се зголемува квотата за странци, кога Хрватите се принудени да одат надвор од земјата незадоволни од платите. 

Минатогодишната туристичка сезона во Хрватска беше многу добра, а Министерството за туризам за годинава очекува уште подобри резултати. Хрватското биро за вработување процени дека оваа година од 15 до 20 илјади работници ќе треба да работат во угостителско-туристичкиот сектор.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија