Добивај вести на Viber
Буџетот на Хрватска, во првите шест месеци од годинава, достигна минус од 1,5 милијарди евра, што е за 1,2 милијарди евра повисоко од планираниот за цела година.
Минусот е резултат на намалените приходи во однос на минатата година, како и на зголемените расходи во однос на првото полугодие оваа година.
Во хрватското министерство за финансии не се загрижени за пробивање на дефицитот, бидејќи во вториот дел од годината планираат жестока наплата на даночните долгови.