24 Април, 2024
0.0522

ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЈА - земјата е во невозможна позиција, членка на ЕУ бара по нејзино да ја дефинира својата национална генеза

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Земја – членка на ЕУ влегува во интимниот простор на Северна Македонија и јас на тоа отворено ќе се спротивставам, изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ по самитот, на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ.

Заедничката декларација усвоена по самитот ги повика лидерите на Унијата да гледаат на Западен Балкан „како целина“ во процесот на пристапување, притоа повикувајќи ги овие земји да го забрзаат спроведувањето на потребните реформи.

„Се согласивме за текстот на декларацијата, што е компромис, некој би рекол најнизок заеднички именител, а јас велам компромис. 

„Едно компромисно, но јасно решение зад кое стоиме сите.

Милановиќ предупреди дека Северна Македонија „е во невозможна позиција“ и дека една членка на Унијата влегува во нејзиниот „интимен простор“ со барање во учебниците по историја „да ја дефинира својата национална генеза како што бара соседната држава“.

Тој рече дека „отворено ќе се спротивстави“ на тоа во рамките на неговите овластувања.

„Не се сите на исто ниво во напредокот на преговорите. Некои се понапред, некои се поназад. Северна Македонија се наоѓа во една невозможна позиција. Тоа е тема, што воопшто не ја допревме на денешните разговори, ниту во текстот на заедничката декларација, ниту пак Македонците на тоа воопшто инсистираа. Се работи за условите кои им се поставени во една, релативно зрела фаза на преговорите со ЕУ, а се однесува на содржината во некои учебници по историја во Македонија“, рече Милановиќ.

Милановиќ изјави денеска дека Хрватска и Словенија сакаат да им помогнат на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но дека билатералните проблеми на тие земји нема да бидат решени во рамките на иницијативата за Процесот Брдо-Бриони.

„Билатералните проблеми што земјите учеснички во иницијативата ги имаат едни со други нема да бидат решени во рамките на Процесот Брдо-Бриони“, рече Милановиќ откако беше објавено дека имало расправија на пленарната седница меѓу косовскиот претседател Вјоса Османи и српскиот лидер Александар Вучиќ.

„Мислам дека би било здраво да не се користат билатерални проблеми бидејќи тоа малку ја попречуваше нашата работа денес“, рече Милановиќ на заедничката конференција со неговиот словенечки колега Борут Пахор во Брдо кај Крањ.

Главниот мотив на двете членки на ЕУ, Словенија и Хрватска, е „ниту менторство ниту туторство“, туку помагање на соседите на пат кон Унијата, рече Милановиќ.

фото и извор Интекс.хр

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо