Хрватскиот Ричард Бренсон создава нова авиокомпанија
Објавено во: Балкан 07 Јануари, 2019
Хрватска догодина би можела да добие нова авио-компанија, под името „Smile Air“ пишуваат регионалните медиуми.
Иако истоимената фирма за пружање услуги во асвиосообраќајот е регистрирана во Загреб уште во летото 2017-та нејзиниот директор и сопственик , Нино Бориќ, кој повеќе од 30 години работи во воздухопловството, не се брза туку внимателно го поставува проектот.
-Со задоволство би тргнале со работа уште на крајот на годината, но тешко дека ќе успееме во тоа, бидејќи мора на пазарот да ги најдеме соодветните авиони, а моментално цените им се доста високи. Не сме под притисок да мора да го реализираме проектот оваа или следната година, туки да сложуваме долгорочно одржлива приказна во која не смее да има грешки. Освен тоа, некое време мора да се чека и дозвола за лет, така што и со почетокот на 2020 ќе бидеме задоволни, рекол Бориќ, пишува Пословни дневник.
Додава дека во својата работа ја следи визијата на Ричард Бренсон, сопственик на Вирџин атлантик, кој, како вели, знае дека добриот однос кон вработените значи и задоволен патник. Бориќ е сопственик на компанијата „Авио Нова“ со седиште во Флорида, а со години беше на високи позиции во оперативното ниво на авио компаниите.