25 Април, 2024
0.0267

HTCA АКАДЕМИК ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗАПОЧНУВА СО ОБУКИ

HTCA Академик – прв тренинг центар во регионот креиран за обучување кадри според швајцарски стандарди сертифицирани од страна на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (Schweizerische Hotelfachschule Luzern SHL)

Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

HTCA Академик – првиот тренинг центар креиран за обучување кадри според швајцарски стандарди сертифицирани од страна на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (Schweizerische Hotelfachschule Luzern SHL) денес го најави стартот на обуките за келнери, бармени, рецепционери, персонал за хигиена,  маркетинг во угостителството и соодветните консултантски услуги. 

Во присуство на голем број значајни гости  од областа на угостителството, хотелиерството и деловниот свет поврзан со оваа индустрија, овој тренинг центар го објави својот план за идно делување и желбата за подигнување на нивото на квалитет во овој сектор.

Според статистиката од вкупно 700 илјади лица вработени во Македонија, во угостителската и услужната дејност, директно или посредно, се вработени близу 150 илјади лица (Завод за статистика на РМ). Категоријата на вработени во угостителството се води како најнепостојана категорија на вработени  поради  големиот одлив на овие кадри во странство и предрасудата дека оваа професија е од привремен карактер а не трајна професионална определба. Во областа на хотелиерството секогаш има недостиг од добри работници, затоа приоритет треба да биде развојот на вработените, кои пак се од суштинско значење за одржување на услугата на високо ниво што ќе резултира со задоволни гости за да може да се задржи конзистентноста и конкурентноста на пазарот. Во двете државни угостителски средни училишта завршуваат само 400 ученици годишно, а факултетите за туризам не обезбедуваат доволно практична обука. Во Македонија се регистрирани вкупно 2433 угостителски објекти  и 510 хотели.  Затоа, во моментов, потребата од центар за обезбедување тренинзи за угостителство е повеќе од потребна. Квалитетот на обуките што ги нуди Тренинг центарот е загарантиран со неговата инволвираност во меѓународните институции, како и со задолжителниот процес на ресертификација на Тренинг центарот на годишно ниво.

Генералната директорка на центарот, г-ѓа Мајда Стошиќ, изјави, „Нашата визија е гостопримливоста со која се одликува Македонија да се подигне на ниво на квалитет достоен според највисоките меѓународни стандарди за угостителство – швајцарските стандарди. Квалитетни, меѓународно сертифицирани практични обуки, и сертифицирани обучувачи без сомнеж ќе нè доведат до посакуваниот квалитет кој секако е гаранција за успех. Искористете ја можноста да се стекнете со вештини кои ќе ве доведат до посакуваната кариера со пет ѕвезди.“

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет