04 Август, 2020
0.0304

Huawei ги објави бизнис резултатите за првата половина на 2020 година

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2020

Huawei официјално ги претстави бизнис резултатите за првата половина на 2020 година. Во овој период, компанијата оствари приход од 454 милијарди кинески јуани (64,2 милијарди американски долари), што претставува зголемување од 13,1% во однос на истиот период минатата година. Нето профитната маржа е 9.2%[1]. Различните бизниси на Huawei ги остварија следниве приходи за истиот период: Huawei Carrier Business Group - 159,6 милијарди кинески јуани (22,5 милијарди американски долари), Huawei Enterprise Business Group - 36,3 милијарди кинески јуани (5 милијарди долари). Најимпресивните резултати беа забележани кај Huawei Consumer Business Group, кои остварија приходод 255,8 милијарди кинески јуани (36,2 милијарди американски долари).

Во ситуацијата на борба против пандемијата предизвикана од КОВИД-19, информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) станаа клучна алатка во борбата против вирусот и економско закрепнување. Huawei ја потврди својата заложба да работи со оператори и партнери во индустријата за одржување стабилно мрежно работење, забрзување на дигиталната трансформација и поддршка за локалните проблематични области и обнова на економијата.

Сложеното надворешно опкружување придонесе кон зголемување на важноста за уште поотворена соработка и зголемена доверба во вредноста. Huawei вети дека ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон клиентите и добавувачите, да ги надминат тешкотиите и да одат напред, додека придонесува за глобалната дигитална економија и технолошки развој, без оглед со какви предизвици се соочува компанијата.



[1] Финансиските податоци се неревидирани податоци подготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување. Девизен курс на крајот на јуни 2020 година: US$1 = CNY7.0677 (извор: надворешни агенции)


Можеби ќе ве интересира

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Кроација Oсигурување AД - Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Кроација Oсигурување AД - Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Намалување што не се пропушта: До -70% на колекција пролет/лето ‘20!

Намалување што не се пропушта: До -70% на колекција пролет/лето ‘20!

Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

45 години икона: Porsche 911 Turbo

45 години икона: Porsche 911 Turbo