19 Април, 2024
0.0264

Huawei го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси со што ја доведува глобалната компјутерска моќ на повисоко ниво

Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

- Huawei го објави највисокиот процесор во индустријата базиран на архитектурата на Advanced RISC Machine (ARM). Новиот Kunpeng 920 процесор е дизајниран да ја забрза обработката на големи збирки податоци и да врши дистрибуирано складирање и ARMспецифични сценарија. Huawei се приклучува на големите играчи во индустријата на ARM и се вклучи во градењето отворен, кооперативен, заеднички еко-систем кој го доведува светот на денешните компјутери на сосема ново ниво.

„Huawei континуирано инвестира во развој во областа на компјутерите, создавајќи вредност за своите клиенти. Huawei одамна е партнер со Intel, а двете компании заедно во голема мера придонесоа за развој на информатичките и комуникациските технологии. Ќе продолжиме со долгорочното стратешко партнерство и ќе продолжиме да создаваме иновации заедно. Во меѓувреме, индустријата на АRM гледа нови можности за развој: новосоздадените Kunpeng 920 процесори и TaiShan серверите на Huawei првенствено се користат во големите апликации за обработка на податоци, дистрибуирано складирање и АRM апликации. Ќе работиме со глобалните партнери во духот на отвореност, соработка и заеднички успех за поттикнување развојот на екосистемот на АRM, изјави Вилијам Шу, член на одборот и шеф на секторот за стратешки маркетинг во Huawei.


Највисоки перформанси базирани на АRM процесор во индустријата

Kunpeng 920 е најпродаван серверски ARM процесор. Со користење на најновиот 7nm процес, процесорот е независно дизајниран од Huawei под ARMv8 лиценца за архитектура. Тој значително ги зголеми перформансите и ги оптимизира предиктивните алгоритми, го зголемува бројот на OP блокови и ја подобрува архитектурата на меморијата. На типична фреквенција на SPECint Benchmark тестови, процесорот Kunpeng 920 има резултат од над 930, што е 25% повисоко од индустрискиот репер. Во исто време, енергетската ефикасност е 30% подобра од онаа на другите индустриски решенија. Kunpeng 920 обезбедува многу поголема компјутерска моќ за центри за податоци и ја намалува потрошувачката на енергија.

Huawei TaiShan, АRM базиран процесор со најдобри перформанси во индустријата

Huawei денес го лансираше својот TaiShan сервер, напојуван од Kunpeng 920, вклучувајќи три модели: еден со фокус на складирање, друг - со висока густина и трет - фокусиран на балансирање на двете барања. Серверите TaiShan се изградени за големи податоци, дистрибуирано складирање и ARM сценарија. TaiShan дава компјутерски платформи со високи перформансидо 20% повисоки од претходно и ниска потрошувачка на енергија.

Градење отворен и заеднички ARM екосистем врз основа на севкупниот успех

Huawei постојано поттикнува корпоративна меѓусебна помош во градењето на хардвер, софтвер и апликации. Глобалниот бренд работи со организации како што се Green Computing Consortium (GCC), Linaro and Open Edge и HPC Initiative (OEHI) за изградба на отворен и заеднички ARM екосистем со партнери како Hortonworks, Microsoft, Red Hat, SAP, SUSE, Ubuntu и China Standart Software.

Во однос на хардверот, Huawei е клучен член на Linaro, а во однос на софтверот е член на OpenStack и еден од основачите на Cloud Native Computing Foundation (CNCF). Huawei се приклучи на GCC, кој неодамна го лансираше извештајот за техничките стандарди на Green Computing Consortium Server и е само една од нивните иницијативи за изградба на отворена „зелена“ технологија. Huawei исто така е член на OEHI.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга