28 Март, 2024
0.0266

Huawei Matebook X Pro - Совршен лаптоп за работа од дома и врвни резултати

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Изборот на лаптоп секогаш треба да се води од неколку основни параметри како преносливост, ефикасност и стабилни перформанси. Со промената на работниот процес, намалувањето на присуството во канцеларија и работа од дома или далечина повеќе од потреба е да имате на располагање модерен лаптоп кој секаде ќе може да го носите со вас. Токму во такви услови тимот на Фактор имаше можност да ги тестира опциите кои ги нуди новиот лаптоп Huawei Matebook X Pro.


Одличен во работни и домашни услови

Динамичниот распоред, бројните онлајн состаноци и координации и честите промени ни покажаа дека Huawei Matebook X Pro е одлично решение за завршување на сите работни обврски.

Доколку често сте вклучени на Zoom или други апликации за видео повици и состаноци нема потреба да набавувате дополнителна веб камера. Истата е вградена во самиот лаптоп на врвот на тастатурата. Со пристискање се отвора и штом го завршите повикот се вклопува назад. Вградената камера иако има невообичаен агол сепак, за тие кои се загрижени за приватноста и можноста да бидат мета на хакерски напади со нарушување на приватноста е одлично решение, па не мора да ставате налепници на лаптопот или други импровизирани решенија.


Huawei Matebook X Pro е фантастично изработен, има премиум материјали на градба, неверојатно е лесен со само 1.3 килограми и еден од најтенките со речиси 15 милиметри.

Екранот на Huawei Matebook X Pro има големина од 13.9 инчи со супер висока 3K HD резолуција. Уште поважно располага со дисплеј на допир па така кога до вас нема маус може многу лесно да скролате низ екранот за наоѓање на соодветни содржини и информации. Ако го активирате таблет режимот на работа сигурно ќе уживате додека сте дома и се релаксирате разгледувајќи кој следен филм или серија ќе ги гледате на Netflix.

Дисплејот има одлична осветленост и кога сте надвор на отворено и нема да забележите никаква рефлексија на сончева светлина, додека пак кога сте во сенка или потемни услови позадинското осветлување на тастатурата ќе ви овозможи целосна прегледност и додека куцате нема да правите грешки. Вградениот тракпад на Huawei Matebook X Pro исто така е соодветно решение за управување бидејќи дава квалитетен фидбек како на скролањето така и на левиот и десен клик со цврст допир.


Премиум перформанси за максимални резултати

Huawei Matebook X Pro поставува високи стандарди кога се во прашање перформансите и со комоција може да потврдиме дека целосно го заслужува премиум статусот. Huawei Matebook X Pro работи со најновиот Intel i7 процесор од десеттата генерација кој е енергетски ефикасен, не се загрева и при захтевни операции и може да послужи за работа со сите десктоп апликации и понапредни функции како уредување на слики и видеа.

Nvidia GeForce MX250 графичката картичка обезбедува одличен преглед на визуелните решенија и може да играте и видео игри иако лаптопот не е замислен за таква намена.

56Wh батеријата обезбедува околу 8 часа активна работа во текот на целиот ден со уредување на документи, сурфање на интернет и користење на различни алатки. Голема предност е што се полни со USB Type C полнач со брзина од 65W, па така за половина час полнење ќе добиете најмалку 50% од капацитетот на батеријата. Лаптопот може да го полните со било кој полнач од Huawei смартфон, и обратно полначот кој доаѓа со пакувањето на Huawei Matebook X Pro може да го користите и за вашиот смартфон со оглед дека имаат ист приклучок.


Напреден софтвер со Huawei Share

Една од новите опции која многу ни се допадна е Huawei Share за директно поврзување меѓу лаптопот Huawei Matebook X Pro и врвниот смартфон Huawei P40 Pro. Со само еден допир меѓу двата уреди веднаш се воспоставува конекција. Потоа целото мени од смартфонот се префрла на вашиот лаптоп. Функцијата Multiscreen Collaboration овозможува да работите истовремено и со десктоп и со мобилниот систем. Тоа значи дека со леснотија ќе префрлате фајлови од смартфонот на лаптопот и обратно. Наместо да користите системи за пренос на фајлови како Wetransfer да чекате upload и download со Huawei Share тоа може да го направите веднаш, а не ви треба ниту USB кабел, ниту интернет конекција бидејќи поврзувањето се базира на Bluetooth и NFC.

Лаптопот во старт копчето има и вграден скенер за отпечатоци. Штом се регистрирате само вие ќе може да го отклучите уредот и никој друг нема да може да направи злоупотреба на вашите податоци и фајлови што е од икслучителна важност за уредите кои работат на Windows 10.


Спремен за бизнис

Нашите впечатоци од Huawei Matebook X Pro како лаптоп за бизнис и деловни луѓе е навистина одличен. Уредот има повеќе влезови за поврзување меѓу кои и за проектор па така преку него ќе може лесно да направите презентација пред клиенти или на некој семинар или конференција.

Лаптопот доаѓа со лиценциран Windows 10 оперативен систем кој може да го прилагодите како за работа од канцеларија така и додека сте дома. Huawei Matebook X Pro е комплетен лаптоп, амбициозно поставен во премиум класата и затоа сметаме дека секој професионалец ќе го гледа како неопходно средство за справување со модерните предизвици и безгрижна релаксација по завршените работни обврски.

Huawei Matebook X Pro може да го најдете во ланците за електроника по цена од 99.999 денари како севкупно решениe во поглед на преносливост, одржливост, елеганција и моќ.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија