20 Април, 2024
0.0265

HUAWEI NEXT-IMAGE Awards 2021 е отворен за фотографии на глобално ниво и нуди големи награди

Објавено во: Мои пари 12 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Популарниот годишен натпревар за фотографија на Huawei - NEXT-IMAGE Awards 2021, повторно е отворен за фотографии и видеа направени со уредите на Huawei, до 30 ноември. Темата на годинешното издание е “Better Together (Заедно сме подобри)”, а наградите вбројуваат над 70 парични и материјални награди.

Huawei NEXT-IMAGE Awards е најголемиот натпревар во фотографија направена со паметни телефони, во светски рамки, со над 2 милиони фотографии и видеа доставени од неговото основање во 2017 година до сега*. Со едноставни услови и атрактивни награди, петта година по ред, фотографи од целиот свет, аматери и професионалци, можат да го споделат својот поглед на светот со љубителите на оваа уметност.

Жири

Победниците на NEXT-IMAGE Awards се избрани од тим експерти за фотографија од различни земји, со разновидни креативни профили. Меѓу нив се канадскиот фотограф за екстремни спортови, Рубен Крабе, британскиот уметнички критичар, Карен Смит и францускиот телевизиски и радио продуцент, Оливер Сиабодо. Жирито исто така вклучува визуелни уметници со лично искуство во освојување фотографски награди, од Пулицер до минатогодишните Next-Image Awards, како и Ли Чанџу, потпретседател на Consumer Strategy Marketing Dept во HUAWEI Consumer Business Group.

Награди

Huawei Next-Image Awards традиционално нудат богат фонд за награди – парични и материјални. Наградата за “Фотограф на годината” ќе биде доделена на 3 учесници, под името NEXT-IMAGE CREATION бонус од 10.000 американски долари. Уште 27 учесници ќе добијат по 1.000 долари. Наградите вклучуваат и 30 паметни часовници Huawei Watch 3. Жирито, исто така, ќе одреди 10 добитници на Student Focus Award, на возраст од 18 до 24 години, кои ќе добијат паметен телефон Huawei P50 и NEXT-IMAGE CREATION бонус од 1.000 долари.

Како да учествувате?

Само посетете ја веб страната: https://gallery.consumer.huawei.com и следете ги наведените чекори за да ја поставите вашата фотографија или видео во соодветната категорија.

10 категории, 10 уникатни погледи на убавината на светот

Huawei ги охрабрува учесниците да го истражуваат светот од различни перспективи, формати и услови. Затоа, натпреварот е поделен на 10 тематски категории, што го прават уште поинтересен. Категориите се: Portrait, Monochrome, Colour, Snapshot, Night, Telephoto, Super Wide Angle, Super Macro, Story Creator,Storyteller.

Овие категории, исто така, ја поттикнуваат употребата на предностите на Huawei паметните телефониво области како што се фотографирање при слаба осветленост и навечер, макро фотографија, фотографија од далечина, снимки со широк агол ипортрети.

Жирито ги очекува вашите фотографии и видеа, до 30 ноември, на линкот: https://gallery.consumer.huawei.com

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!