19 Април, 2024
0.0281

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery - Huawei P smart 2021, веќе е достапен на македонскиот пазар, со голем дисплеј, модерен изглед, одлична камера и моќна батерија, по прифатлива цена од 12.999 денари.

Со својот 6,67 инчен Full HD дисплеј, новиот паметен телефон на HUAWEI нуди навистина неограничено искуство. Целокупната високо квалитетна изработка, одличната батерија и камера ги инспирираат корисниците да ги „фатат” најдрагите моменти.

Удобност за очите, летечки старт на игрите

Љубителите на мобилни игри и видео содржини ќе ја ценат големината на екранот од 6,67 инчи и неговата Full HD резолуција од 2400 x 1800 пиксели. Со грижа за очите, дисплејот на паметниот телефон нуди ефективен филтер против сината светлина, користејќи TÜV Rheinland сертифициран Eye Comfort режим. Во меѓувреме, страничното копче за напојување, кое исто така е сензор за отпечатоци, им овозможува на корисниците побрзо и безбедно отклучување на телефонот.

Непрекинати авантури со 22.5W HUAWEI SuperCharge

Денес, телефоните се исто така наш личен центар за забава и работа, што значи сериозно и постојано оптеретување на нивниот систем. За да не го изневери својот сопственик, HUAWEI P smart 2021 поддржува 22.5W HUAWEI SuperCharge технологија. Овозможува толку брзо полнење што ви требаат само 10 минути за 2 часа работа. Самиот капацитет на батеријата е особено импресивен - дури 5000mAh!

Изразете ја својата креативност со 48MP quad AI-камера

Камерата и батеријата се две од главните карактеристики на паметните телефони на Huawei во секој опсег на цени, а HUAWEI P smart 2021 дури ги надминува очекувањата. Неговата quad-задна камера овозможува неверојатни снимки и фотографии, благодарение на 48 мегапиксели и ½ инчен сензор, што помага во одржување ниско ниво на шум и поквалитетни фотографии.


HUAWEI P smart 2021 е одличен избор за ноќно фотографирање, поради неговата висока чувствителност и вградена технологија со вештачка интелигенција. Паметниот телефон е во состојба да прави јасни фотографии со помалку шум, дури и во екстремно темни услови.

Селфињата станаа составен дел од нашето самоизразување и спомени на пријатно време во добро друштво, така што кај HUAWEI P smart 2021 се посветува посебно внимание на предната камера. Камерата има 8-мегапиксели и поддржува интелигентна функција за разубавување, така што селфињата се совршени за споделување во моментот откако ќе се направат. Ултра-широкиот агол на камерата има поле од 120° за да не пропушти ништо и никој од кадарот на групно селфи или пејзажни фотографии.

Меморија за многу спомени

HUAWEI P smart 2021 е опремен со 128GB внатрешна меморија и нуди можност за дополнителни 512GB со надворешна картичка. Со осум-јадрениот чипсет и најновата верзија на EMUI 10.1, HUAWEI P smart 2021 има одлики за едноставна употреба, за да си го олесниме секојдневието.

HUAWEI P smart 2021 се базира на AppGallery, официјалната платформа за апликации за уредите на Huawei. AppGallery нуди 18 категории на апликации, кои ги покриваат сите потреби на корисниците - од забава до образование и деловно работење. За да го скрати и поедностави процесот на пребарување и преземање апликации, Huawei сега нуди и Petal Search. Новата алатка за пребарување е еден од трите начини на кои корисниците на Huawei можат да најдат и преземаат апликации на нивните уреди со HMS, заедно со AppGallery и Phone Clone. Покрај тоа, Petal Search е развиен во партнерство со глобални и европски search engine лидери како Qwant и Yandex со цел да се достигнат највисоките стандарди на пазарот. Сето ова за да ви овозможи иновативен, различен и безбеден метод на пребарување.

Цена и достапност

HUAWEI P smart 2021 доаѓа во три бои - Crush Green, Blush Gold и Midnight Black. На македонскиот пазар е достапен во продажните салони на Нептун, Техномаркет, Анхоч и Сетек, по препорачана цена од 12.999 денари, додека кај двата телекомуникациски оператори се очекува да пристигне во ноември.

Kомерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023