23 Јули, 2019
0.0218

Huawei P30 lite со вештачка интелигенција го носи развојот на мобилната индустрија на друго ниво

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2019

Huawei е една од првите компании која го стави во пракса мобилниот концепт на вештачката интелигенција. Во текот на 2017 и 2018 година, Huawei направи континуирани подобрувања за беспрекорно да ги интегрира своите EMUI, Кирин чипсетови и NPU архитектурата во своите уреди. Вештачката интелигенција ја подобрува компјутерската способност на паметниот телефон, а најдиректно влијание има во обработката на фотографиите и видеата. На тој начин Huawei им овозможува на потрошувачите магична фотографија.

Новолансираниот HUAWEI P30 Lite исто така е опремен со технологијата на вештачка интелигенција, со Kirin 710, до 128GB складирање, EMUI 9.1 и GPU Turbo што му дава одлични перформанси.

Камерата на HUAWEI P Lite придружена со вештачка интелигенција препознава 22 категории во повеќе од 500 сцени, вклучувајќи портрет, сино небо, снег и ноќ. Дополнително, HUAWEI P Lite обезбедува уникатна функција за стабилизација на сликата со помош на вештачката интелигенција која им овозможува на корисниците да фотографираат навече, решаваjќи еден од најголемите предизвици во фотографијата.

HUAWEI P Lite има 24MP камера со поддршка за разубавување со вештачка интелигенција. Тоа им овозможува на потрошувачите да направат фотографија со креативни стилови и да обезбедат квалитет на сликата слична на постер со висока јасност. Вештачката интелигенција автоматски ги прилагодува индивидуалните подобрувања на лицето врз основа на анализа на фацијалните карактеристики на лицето, а потоа се применува индивидуално подобрување на лицето според резултатите. Освен тоа, предната камера на HUAWEI P Lite е во состојба да ги раздели субјектите од позадината и автоматски да ги прилагоди параметрите. Со вештачката интелигенција интегрирана во фотографијата, камерата може многу брзо и точно да се фокусира на предметот.

Заедно со функцијата за разубавување на AI, Huawei P30 lite има камера со triple-shot објектив со широк агол + со еден објектив на задната страна на уредот. Објектив со висока дефиниција од 48MP + широкоаголен објектив од со 120 степени со 8MP не само што овозможува супериорна резолуција, туку и прилагодување на светла и сенки за да создаде совршена фотографија. Исто така, постои и функција за ноќно гледање што му овозможува на Huawei P30 Lite брзо да го прилагоди режимот на снимање на камерата, без разлика дали корисникот е во осветлен простор, дали има позадинско осветлување или темно сценарио, за да им помогне да го постигнат посакуваниот ефект. Huawei P30 Lite е идеален за selfie бидејќи со него можете да откриете различен дел од вашиот одраз преку различни агли на selfie камерата или едноставно да додадете заматен ефект на вашите фотографии за да создадете илузија на сон.

Во однос на игри, технологијата на вештачка интелигенција може да му помогне на системот да научи и да го подобри целокупното искуство. Со анализирање на графичките карактеристики и оперативната флуидност однапред, вештачката интелигенција може да предвиди употреба на ресурси и интелигентно да организира распоред. Преку ова, играчите можат да уживаат во неверојатно брзо и непречено играчко искуство. Оваа функција е веќе вклучена во Huawei паметните телефони, а со надградениот NPU, HUAWEI P30 Lite обезбедува уште помоќни перформанси на игрите.

Huawei континуирано носи изненадувачки карактеристики на вештачката интелигенција за потрошувачите и продолжува да ги истражува и прекинува границите на она што паметните телефони може да го направат. Со лансирањето на HUWAEI P30 Lite, Huawei продолжува да носи повеќе незамисливи карактеристики за потрошувачите.

Можеби ќе ве интересира

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Сообраќајка затвори регионален пат

Сообраќајка затвори регионален пат

Само во ИутеКредит, пари достапни веднаш 24/7!

Само во ИутеКредит, пари достапни веднаш 24/7!

Најбараните боенки ова лето: Бојте и учете стихови за зеленчукот и овошјето

Најбараните боенки ова лето: Бојте и учете стихови за зеленчукот и овошјето

Квиз: Твојот карактер ја открива твојата идеална дестинација

Квиз: Твојот карактер ја открива твојата идеална дестинација

Нова сервисна кампања „Повеќе грижи за вас“ на Huawei во Северна Македонија

Нова сервисна кампања „Повеќе грижи за вас“ на Huawei во Северна Македонија

Македонец постави рекорд за прв пат во историјата на ридско брзинските трки на Водно

Македонец постави рекорд за прв пат во историјата на ридско брзинските трки на Водно

Дефектот на ул. Палмиро Тољати е саниран

Дефектот на ул. Палмиро Тољати е саниран

Неколку улици во Ченто без вода за пиење

Неколку улици во Ченто без вода за пиење