25 Април, 2024
0.0271

Huawei P30 Pro е „Смартфон на годината” според EISA

Компанијата ја освои престижната награда втора година по ред

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Huawei P30 Pro доби уште едно меѓународно признание - Наградата за најдобар паметен телефон на годинашните награди EISA. Huawei ја освои наградата во оваа категорија втора година по ред, со својот производ кој уште еднаш успеа да остави прекрасен впечаток на судиската комисија составена од 55 претставници од најпознатите технолошки медиуми во светот.

EISA ги нарече можностите на снимање при слабо осветлување на P30 Pro „најдоброто нештошто го нуди смартфонот во моментов“. Комисијата, исто така, ги оцени леќите со ултра широк агол, режимот на портрет и перископската 5x телефото леќа,за која се вели дека „ги надминува сите нивни конкуренти“.

"За нас претставува голема чест да добиеме уште една EISA награда, како и ново големо признание за P30 Pro. Со секој од своите уреди, Huawei се обидува да постави повисоки стандарди во мобилната фотографија и да им понуди на потрошувачите најнова технологија во оваа област, на тој начин продолжувајќи да ги зголемува можностите на камерите на паметните телефони“, рече Ли Чангжу, потпретседател на одделот „Handset Business” во Huawei Consumer Business Group.EISA исто така го препорача Huawei P30 Pro на секој чија страст е фотографирањето, бидејќи здружението смета дека предводникот на Huawei постави нови правила во развојот на мобилната фотографија.

Huawei P30 Pro навистина ја носи мобилната фотографија на целосно ново ниво со својот иновативен SuperSPectrum сензор, оптички леќи SuperZoom, новата камера на Huawei за време на лет (ToF) и напредниот оптички стабилизатор на слика за AI.

Досега невидениот состав на камери на Leica вклучува 40MP главна камера, ултра широк агол од 20MP, телефото камера од 8MP, иновативна ToF камера и предна камера од 32 MP. Новата перискоска телефото леќа овозможува поголемо зголемување на сликата без да влијае на квалитетот. Покрај тоа, главната 40MP камера нуди одлични бои, а P30 Pro нуди и стабилизатори за OIS и AIS, додека леќите SuperZoom имаат 5х оптички, 10x хибриден и 50x дигитален зум со висока резолуција и јасен приказ на детали.

Елегантното, двојно заоблено 3D стакло и 6,47-инчен OLED Dewdrop дисплеј се отпорни на вода и прашина, а Kirin 980 процесорот е првиот во свет 7nm систем за мобилни чипови. Huawei P30 Pro исто така има батерија од 4200 mAh, способна да трае до 2 дена без полнење под нормална употреба.

Членови на EISA се претставници на реномирани медиуми од целата индустрија од повеќе од 30 земји, од кои секој придонесува со своја експертиза во шесте категории за оценување на EISA - фотографија, мобилни уреди, Hi-Fi, домашно аудио, домашна видео-техника и автомобилски уреди. Секоја година, членовите на EISA номинираат сет на уреди за кои сметаат дека се достојни да се борат за наградата во секоја од шесте категории. Номинациите потоа се презентираат и дискутираат на посебен состанок, каде членовите на комитетот темелно го испитуваат секој од номинираните уреди пред да продолжат на конечното гласање.

Наградата официјално ќе биде врачена на Huawei на церемонијата на доделувањето на наградите EISA, што ќе се одржи на годинашната изложба на IFA на 6 септември во Берлин.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan