20 Април, 2024
0.0278

Huawei P40 смартфоните се одлични и без Google Play Store

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Huawei со новата P40 серија на смартфон покажа висока доза на зрелост и одлучност на корисниците да им ги понуди сите иновации во мобилната индустрија, пред се во делот на камерите кои се на следното ниво, додека пак дисплејот со висока резолуција е вистинско задоволство за гледање и користење на мултимедијални содржини.

Тоа што најмногу ги интересира корисниците е дали одличниот хардвер, моќните перформанси како за социјални мрежи и интернет, така и за деловни активности и задачи е соодветно покриен софтверски. Huawei како што знаете, кај новите модели Huawei P40, Huawei P40 Pro, Huawei P40 Pro Plus и Huawei P40 Lite се потпира исклучиво на Huawei Mobile Services и сопствената Harmony OS верзија на оперативниот систем Android 10. Тоа значи дека овие смартфони немаат поддршка за маркетот Google Play Store и вообичаениот сет на Android апликации, но и за тоа постои одлично решение.

Huawei Mobile Services е модерен систем кој ги покрива сите основни функции за корисникот. Најпрво регистрирате ваш профил на Huawei ID со кој практично добивате целосна синхронизација и бекап на сите останати софтверски алатки. Huawei Mobile Services имаат пристап до Cloud сервисот на Huawei. Тука може да ги синхронизирате сите ваши контакти, податоци и фајлови и истите да ги отворате од било кој уред на Huawei. Тоа важи за сликите од галеријата, состаноците и потсетниците во вашиот календар, направените белешки,

Исто така имате на располагање напреден мобилен прелистувач за сурфање на интернет, аудио и видео плеери за мултимедија, како и сервиси за менување на позадините и темите со кои го организирате почетното мени и „фиоката“ во која се сместени сите апликации кои ги имате инсталирано.

Huawei AppGallery е основната појдовна точка за инсталирање на апликации на смартфони како Huawei P40 со тоа што нивниот избор постојано се зголемува. Дел од популарните апликации може да ги најдете директно во Huawei AppGallery, а меѓу нив има и македонски специјализирани апликации како AirCare, потоа апликации од мобилните оператори и банките.

Следна алатка на располагање ви е More Apps која функционира како пребарувач на мобилни апликации и игри од надворешни извори. Тука добивате линк за инсталирање на APK фајл од сигурен и проверен извор, а дел од линковите водат директно кон веб страните на самите издавачи на апликации. Заложбите на Huawei се корисниците да добијат максимална безбедност во процесот на наоѓање и инсталирање на апликации.

Секако, на располагање ви е и алатката Clone Apps со која може да ги преземете Android апликациите од смартфон кој претходно сте го користеле, а меѓу нив има поддршка и за преземање на Google апликации со истите сочувани податоци.

Huawei P40, Huawei P40 Pro, Huawei P40 Pro Plus и Huawei P40 Lite се навистина фантастични смартфони секој во својот ценовен сегмент кои ќе ве воодушеват со напредните камери, прегледните дисплеи со природни бои и контраст, како и моќните перформанси достојни за завршување на сите задачи и операции. Затоа се надеваме дека со прегледот на софтверски алатки ви помогнавме за олеснување на вашата транзиција кон Huawei Harmony OS и дека е возможен е и „живот“ без пристап до Google Play Store.


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција