19 Декември, 2018
0.2444
    ADIN 660    -5.71%     ALK 8200    -0.24%     GRNT 800    0.72%     KMB 5023.88    -0.5%     MPT 47000    0.61%     MTUR 4900    0%     RADE 1800    -0.88%     RMDEN16 96.2    -0.82%     STB 1285.06    -0.08%     TTK 1245    0%     USJE 23000    -2.13%     ZLRB 6170    0%

Huawei повторно го посочува патот кон дигиталната иднина

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2018

Скопје повторно е меѓу домаќините на патувачката изложба на компанијата Huawei. Водечкиот глобален провајдер на ИКТ ги презентира своите најнови достигнувања на Huawei Road Show 2018, коeво Македонија се одржува на 17ти и 18ти мај.

Меѓу најважните точки на овогодинешната "турнеја" на технолошкиот гигант се 5G иновативните решенија базирани на најновите 5G стандарди, вклучувајќи ја и Cloud технологијата за мобилни мрежи. Сите овие иновации, веќе успешно тестирани, ќе ја забрзаат трансформацијата на мрежите во виртуелизирани и cloud-базирани структури, клучни за побрза и посложена мрежа од петтата генерација (5G).

Huawei ќе ја претстави својата визија за подобра поврзаност: за B2B, IT и Cloud услуги, како и теснопојасниот IoT (Internet of Things), воден од развојот на дигиталниот бизнис, паметните градови (Smart Cities) и дигитализацијата на секојдневниот живот.

Посетителите на шоуто ќе се запознаат со идејата на компанијата за промена од традиционалните мрежни операции во дигитализирани операции фокусирани на клиентите.

Компанијата е посветена на постигнување на Cloud Computing Potential (SDN), големи податоци и IoT во име на отворени, флексибилни, одржливи и безбедни информатички и комуникациски технологии. Таквиот интернет екосистем создава услови за универзален развој како на јавните институции така и на финансиските услуги, енергијата, транспортот, градежништвото, образованието - тврдат од Huawei.

Досега 197 од 500 најголеми глобални компании во листата на Fortune Globe 500 ја избраа компанијата Huawei како партнер во нивната дигитална трансформација. Меѓу нив се речиси половина од првите 100 компании во престижната листа.

Покрај Македонија, оваа година Huawei Road Show ќе посети 16 други земји во Централна и Источна Европа, како и скандинавските земји.


Можеби ќе ве интересира

Најава за утре за прекин во водоснабдувањето

Најава за утре за прекин во водоснабдувањето

Дефектот во Визбегово е саниран

Дефектот во Визбегово е саниран

Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија!

Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија!

Прекини во водоснабдувањето на повеќе локации

Прекини во водоснабдувањето на повеќе локации

Дефектот на бул.АСНОМ 46 саниран

Дефектот на бул.АСНОМ 46 саниран

Заврешена реконструкцијата на водоводна линија во Драчево

Заврешена реконструкцијата на водоводна линија во Драчево

Склучени меморандуми за соработка во сферата на финансиската едукација

Склучени меморандуми за соработка во сферата на финансиската едукација

ССНМ го поздравува изборот на новото раководство на ЗНМ

ССНМ го поздравува изборот на новото раководство на ЗНМ

Што бараат миленијалците во еден автомобил?

Што бараат миленијалците во еден автомобил?