Huawei реагира на најновите мерки на Доналд Трамп: Ние сме неспоредлив лидер во 5G технологијата
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2019
„Huawei е неспоредлив лидер во 5G технологијата. Ние сме подготвени да соработуваме со американската влада и да изнајдеме ефикасни мерки за да ја достигнеме ултимативната безбедност на производите“, реагираат од оваа компанија посочувајќи дека ограничувањето на Huawei од бизнисот во САД нема да ги направи посигурни или посилни.
Наместо тоа, посочуваат „ова ќе служи само за ограничување на САД на инфериорни, но поскапи алтернативи, оставајќи ги да заостануваат во распоредувањето на 5G и на крајот да им наштетат на интересите на американските компании и потрошувачи“.
Покрај тоа, неразумните ограничувања ќе ги прекршат правата на Huawei и ќе предизвикаат други сериозни правни прашања“, истакнаа од Huawei .