19 Март, 2024
0.0235

Хуманитарен настан на Халк банка и Кроациа осигурување живот

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Утре, од 11 до 14 часот во Градски парк во Скопје кај познатата „школка“ со многу музика, забава и награди за оние кои сакаат да се испробаат на „тркалото на среќата“, Халк банка ќе ја промовира својата нова понуда - „ризико“ кредити со животно осигурување која ја реализира во партнерство со Кроациа Осигурување живот.

Настанот ќе има и хуманитарен карактер така што во текот на тричасовниот хепенинг, 60 дечиња од основните училишта Коле Неделковски, Јохан Хајнрих Песталоци и Гоце Делчев, ќе изработуваат цртежи на тема „Животот е убав“. Цртежите што ќе ги создадат децата, за што тие ќе бидат наградени со училишен прибор, потоа ќе бидат изложени во филијала на Халк банка и во текот на месец ноември ќе бидат понудени на продажба на бизнис клиентите на банката. Собраните средства ќе бидат донирани во Домот за деца без родители 11 Октомври.

Додека ги изработуваат цртежите децата ќе ги дружи Елена Ристеска, а сите оние кои ќе сакаат да се запознаат со новата понуда на Халк банка и Кроациа осигурување живот ќе можат да го свртат и „тркалото на среќата“ и да добијат награда.

Халк банка АД Скопје како една од најбрзорастечките банки во Македонија, со новата финансиска активност овозможува клиентите да можат да добијат банкарски и осигурителни услуги на едно место скратувајќи го нивното време и трошоци и нудејќи дополнителни поволности за корисниците на овие кредити.

Со полиси за животно осигурување, кои даваат сигурност од несакани случаи, на клиентите им се нудат Релакс потрошувачкиот кредит, Комфорстанбениот кредит и Хипотекарниот кредит. За сите три вида кредити кои се нудат со полиси за животно осигурување, Халк банка обезбеди атрактивни услови, различни од оние кои се важат за стандардниот потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит. Разликата се однесува на можноста за земање поголем износ на кредит, можност за подолг рок на отплата, а кај одредени производи има и подолг период на отплата со фиксна каматна стапка или пониска каматна стапка

Дополнително во сите филијали на банката низ државата клиентите ќе можат да склучат и договор за стандардните полиси за животно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот и тоа на полисите basic, premium, ekskluziv и Коко детско штедно осигурување. 

Можеби ќе ве интересира

Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“

Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“

Дали би сакале да бидете пред Вашата конкуренција? Мојата активност ја позиционира Вашата компанија на најдобрата позиција во онлајн светот!

Дали би сакале да бидете пред Вашата конкуренција? Мојата активност ја позиционира Вашата компанија на најдобрата позиција во онлајн светот!

Во УНИБанка довербата се вреднува: префрлете ја платата и добијте бонус од 2000 денари

Во УНИБанка довербата се вреднува: префрлете ја платата и добијте бонус од 2000 денари

НЛБ Банка се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на парите - „Заштити ги своите пари, обезбеди ја својата иднина“

НЛБ Банка се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на парите - „Заштити ги своите пари, обезбеди ја својата иднина“

Како балансот во исхраната води до здрав организам

Како балансот во исхраната води до здрав организам

ОТИШОЛ НА ГОСТИ, СЕ ВРАТИЛ КАКО ДОБИТНИК - САНДЕ ЛАЛЕВСКИ ОСВОИСУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 17.274.560ДЕНАРИ

ОТИШОЛ НА ГОСТИ, СЕ ВРАТИЛ КАКО ДОБИТНИК - САНДЕ ЛАЛЕВСКИ ОСВОИСУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 17.274.560ДЕНАРИ

Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено - Иуте заедно со пријателите засадија 150 садници

Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено - Иуте заедно со пријателите засадија 150 садници

Половина од граѓаните не знаат дека општините им нудат услуги онлајн

Половина од граѓаните не знаат дека општините им нудат услуги онлајн

Избор на најдобри трговци за 2023 година: ЈК ТРАВЕЛ со награда

Избор на најдобри трговци за 2023 година: ЈК ТРАВЕЛ со награда