25 Април, 2024
0.0278

Хуманитарна помош со млеко и прехранбени производи од Македонија за Драч

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Од Црвениот крст на Град Скопје се подготвува конвој со хуманитарна помош наменета за граѓаните на Драч. Помошта се состои од прехранбени производи како Битолско млеко и други млечни производи потребни за граѓаните. 


Иницијативите за вклучување во акцијата на црвениот крст доаѓаат од секаде, компании од сите градови во државата испраќаат помош во производи и неопходни средства за семејствата чии домови се уништени од земјотресот. Покрај храна, исто така се испраќаат и препарати за хигиена, зимска облека и обувки но и прекривки, ќебиња и јоргани.

Помошта од Македонија за Драч се зголемува и секојдневно поаѓаат нови конвои и шлепери со производи. Во хуманитарната акција, покрај компаниите коишто испраќаат секаков вид помош се вклучуваат и граѓаните кои пакетите со разни неопходности ги доставуваат до собирните пунктови на Црвениот крст.

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Албанија се зголеми на 46. Според албанското Министерство за здравство, во болниците медицинска помош добиле над 790 лица. Околу 4000 луѓе се останати без покрив над главата.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет