25 Април, 2024
0.0292

Граѓански организации, Филхармонија, уметници: Македонскиот народ се организира за помош на настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Ние Македонците сме хуман народ, тоа многупати сме го покажале, а и овој пат по веста за катастрофалниот земјотрес кој се случи во Турција и Сирија го обедини народот и почна самоиницијативно да собира помош за засегнатите во овие две земји.

Засега црниот биланс од земјотресите во Турција и Сирија се искачи на 8.000 загинати лица, но се стравува дека бојката ќе продолжи да расте, а студеното време и ниските температури не им одат во прилог на спасувачките единици.

Националната Филхармонија објави дека парите од продадените билети за концерот Гајрет, кој ќе се одржи во четврток ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес.


Уметниците и сопружници Ана и Александар Филев, од Струмица истотака самоиницијативно, вчера на своите профили на социјалните мрежи објавија по една уметничка слика изработена од нив и потенцираа дека целата заработка од сликата ќе оди на сметката на Фондот за солидарност.


Уметничкото дело на ликовниот уметник Филев се продаде за еден час, за 30.000 денари и целата сума беше уплатена на Фондот за солидарност за Турција и Сирија. И уметничкото дело на Ана Филева насловена како „Охридска куќа“ се продаде за 30.000 денари, а сумата е уплатена на Фондот за солидарност на Црвен крст на Македонија, со назнака:  помош за населението во Турција и Сирија.


Се уште се отворени пунктови каде што најчесто се бара да се донираат кебиња, јакни, палени, бебешка облека, конзервирана храна... онаа кое сега засега е најпотребно за населението во настраданите области, но се отворија и телефонски броеви за донации 143400.


Дека Македонците сме народ со големо срце покажуваат и апелите од одредени кафулиња во земјава кои доколку отидете на кафе наместо да го платите кафето со пари, барат да испратите СМС порака на броевите за донации. Тука се и граѓанските организации кои исто така од понеделникот се со постојани апели за донации. 

Доколку можете помогнете, да им покажеме на Турците и Сирииците дека сме народ кој сочувствува со нив и како што Турција меѓу првите држави и помогна на земјава далечната 1963 година, кога Скопје го зафати страшниот земјотрес, да им помогнеме сега ние.


Фото: Youtube - screenhsoot

Н.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот