Хвар со казни ќе ги превоспита туристите
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2019
Хвар со казни ќе ги превоспита туристите.
Одлуката на Градот Хвар да се обиде со казнување да се запре проблематичното однесување на дел од гостите.
„Градот е културен центар, а не плажа“, се вели во соопштението во кое се нагласува фактот дека е забрането да се оди во градот во костими за капење. Од своите гости велат дека очекуваат да бидат соодветно облечени. Инаку, ќе платат казна од 500 евра.
За спиење на јавен површина, ќе бидете казнети од комуналните службеници со 400 евра.
„Спиењето на јавна површина ќе ве чини повеќе од цената што ја плаќате во вашето сместување“, пишува на таблите.
„Главниот градски плоштад не е место за пикник“, вели друго известување, на кое се пречкртани луѓето што пијат. Казната е 400 евра.
„Алкохол? Не на јавни површини“, вели третиот плакат. Казната за пиење алкохол во јавност е 700 евра.