25 Април, 2024
0.0272

И Буџаку раскашалено трошел и се честел во скопски ресторани, тој се правда

Објавено во: Економија 07 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Додека работниците мизерувале со ниски плати, в.д. директорот на ЦУК не штедел на ручеци во скапи ресторани платени со службени картички.

Денеска вакви критики за раскашалено трошење стигнаа на сметка на Агрон Буџаку кој според претседателот на синдикатот на вработените во ЦУК Илија Бојаровски трошел и по 40 илјади дневно за ручеци.

Бојаровски обвини за поставување на некомпетентни кадри по партиска линија, практика која беше евидентна за поранешната владеачка гарнитура.

Имено, Бојаровски тврди дека Буџаку во еден ден седел во скопски ресторан и пречекувал седум делегации една по една, каде потрошил над 40 илјади и 700 денари каде од вкупно седумте платени ручеци во тој ден, пет биле за една иста делегација, а тоа е делегацијата на Јапонија.

Буџаку и неговите блиски соработници покрај раскашаленото трошење, ги злоупотребувале и службените возила и си ги користеле за лични работи по завршувањето на работното време.

Синдикатот денеска побара со ЦУК да раководат и да се поставуваат професионални кадри од сферата на кризниот менаџмент, како што се и јасните препораки на меѓународната заедница.

Буџаку се правда

Целта на Бојаровски е да ме оцрни и да седне во директорското место, се правда в.д. директорот на ЦУК по овие обвинувања. 

Буџаку тврди дека ручекот со шесте  членови од јапонската асоцијација е платен со пари резервирани од буџетот на ЦУК, и дека се работи за еден ручек а не како што рекол Бојаровски шест.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија