И Бугарија ќе протера руски дипломати?
Објавено во: Балкан 24 Март, 2018
Бугарија е меѓу 20-те земји од Европа, кои ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе ги протераат руските дипломати поврзани со руското разузнавање, поради случајот „Скрипал“.
Ова го пишува електронското издание на британскиот весник „Тајмс“.
„Околу 20 европски земји се подготвуваат да ги протераат руските дипломати поврзани со шпионската мрежа на Москва“- пишува весникот.
Се наведува и дека на овој чекор се одлучни Франција, Германија, Полска, Ирска, Холандија, Естонија, Латвија, Литванија, Бугарија, Чешка, Данска и уште до 9 други држави.