И ДЕНЕС ИСТА ПРИКАЗНА: Вербални напади за Јанева, таа не се предава!
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016
Во тек е собраниската расправа на која и денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева одговара на прашањата на пратениците.
Таа вчера не го издржа притисокот и ја напушти седницата поради влошена здравствена состојба.
Денеска иста приказна.
Пратениците од владеачката гарнитува не престануваат со вербални напади кон обвинителката која се прослави по договорот од Пржино и која се нафати да води повеќе истраги .
На обвинувањата од пратеникот Крсто Муковски дека е неспособна и не знае да работи, Јанева не остана должна.
Таа посочи дека три дена намерно е држена во Собранието за да не може да работи.
„Три дена седам тука и одговарам на истите прашања. Вие намерно ме држите тука за да не можам да работам“, рече специјалната јавна обвинителка.
И денеска на истите прашања се бараа одговори.
Катица да каже каде се СЈО трошело пари и целосен финансиски извештај побара пратеникот Муковски, додавајќи дека за нејзините 15 странички немало за што да се дискутира.
Помеѓу другото, обвинителката потенцираше деа нема намера да одговара на прашања кои ги одговорила, а за тоа кој прислушувал ќе покажела истрагата на случајот „Пуч“.
Во салата каде Катица Јанева дава одговори е присутен и републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.