29 Март, 2024
0.0318

И други бизнисмени го пријавуваат рекетот, истрагата останува кај Боки 13 и Кичеец

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Еден пријавил па почнала истрагата, но по обелоденувањето на случајот и некои други бизнисмени пријавиле во Јавното бвинителство дека биле уценувани. Во случајот Рекет осомничени се Бојан ЈОвановски и Зоран Милески кои изнудувале пари за да имаат влијание кај некој јавен обвинител. Стана јасно дека еден од сведоците за кои се тврди дека е Орце Камчев пријавил дека му изнудиле 1,5 милиони евра.

Бизнисменот Зоран Азманов тврдеше и јавно, тој најави и кривична пријава, додека во јавноста се вртеа многу имиња, познати бизнисмени за кои дел од медиумите тврдеа дека дури и платиле. Сепак тоа не се потврдува, иако од обвинителството тврдат дека веќе има пријави. Како ќе се одвива истрагата и дали ќе биде проширена ќе се знае набрзо, иако од Обвинителството велат дека може да се превземат мерки само кога ќе имаат доволно докази. 

Премиерот Зоран Заев завчера изјави дека некои бизнисмени од внатрешноста му се јавиле и му кажале дека им било барано пари, па изјави дека тој пријавил. Обвинителкста Вилма Рускоска пак вчера изјави дека Заев прв ја известил за рекетот и таа побарала од него сведокот сам да пријави во Обвинителството.

Засега нема истрага и за Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка на која и беше одземен телефонот. Таа е на официјално боледување и не доаѓа на работа откако во понделеникот си најави оставка во обвинителството. 

Нејзиниот мобилен телефон е на вештачење, а и беше одземен за да се провери комуникацијата со осомничениот Бојан Јовановски кој е неформален сопственик на 1ТВ- каде што пак е вработен синот на Јанева. Сеуште е нејасно каква била нејзината улога во овој случај.

Јовановски е во притвор во Шутка, а таму е и другиот осомничен во случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец. Осомничени се дека изнудувале пари и тргувале со влијание кај еден јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор