29 Март, 2024
0.0259

И годинава ништо ново: Владата ги помага, општините трупаат долгови

Објавено во: Економија 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Државата им даде пари да се раздолжат, ама општините и понатаму се едни од најголемите должници. Според најновите податоци, на крајот на март годинава општините имаат доспеан, а невратен долг вреден 71,6 милиони евра. Ако се споредуваат податоците, на крај на септември лани долгот беше 81,2 милиони евра. Сепак во меѓувреме со владина одлука на општините должници им беше одобрена помош да вратат по половина од долговите. Тоа сепак не го преполовило и вкупниот долг затоа што малку од општините донеле одлуки и почнале со раздолжувањето. Фактор ги анализира најновите податоци од годинава, а бројките можеби ќе ги потврдат стравувањата на аналитичарите дека владината помош нема да има ефект, напротив ќе ги награди неплаќачите.

Според податоците кои ги имаме, најголем должник повторно е општина Охрид со неплатени обврски вредни над 15 милиони евра. Следува општина Тетово чии долгови се 11,5 милиони евра, а трет најголем дожник е Струга, општина чии доспеани долгови изнесуваат безмалку пет милиони евра. Во топ 5 ама на четврто место е општина Карпош која по разни основи должи 4,7 милиони евра, додека Делчево има доспеан долг вреден 3,6 милиони евра.

Следуваат Кичево, Кисела вода, Струмица, Гостивар Дебар...

Инаку министерот Драган Тевдовски неодамна изјави дека општините имаат рок до средината на годината да го почнат процесот на отплата на долговите. Со владина одлука на должниците лани им беше одобрена помоиш вредна над 48 милиони евра, п аминистерот рече дека очекува позначајно намалување на долгот до јуни.

Тој тогаш рече и дека нема да се доделуваат дополнителни пари, а беше категоричен, за разлика од експертите, дека ова е успешен проект

„Општините имаат рокови кои се зададени во законот. Останува нивната обврска да утврдат кој ќе им се откаже од камата, да побараат дисконти и потоа транспарентно тоа до го поминат на Советот и да го објават. Мислам дека во дел од општините тоа се случува. Роковите се до средината на годинава и во Министерството за финансии сме оптимисти и сметаме дека на крајот на овој процес долговите на општините и во единките корисници кои се во нивна надлежност ќе се намалат за повеќе од средствата кои ги дадовме, рече Тевдовски.

Во јавноста сепак имаше реакции затоа што дел од градоначалниците кои добија пари во меѓувреме се луксузираа, како Рамиз Мерко на пример, кој се поднови со нови возила вредни 114 илјади евра.

Инаку анализата на најголемите должници од државните институции меѓу кои се и општините покажува дека на крај на март годинава сите тие имаат долг вреден 301 милиони евра. Најголемо учество во овој долг имаат јавните претпријатија и општините.

Најголем поединечен должник е МЖ Транспорт чии досепани, а неплатени обврски на крај на март изнесуваат над 48 милиони евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи