29 Март, 2024
0.0244

И Грците ќе бараат нов договор?

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Нова демократија, како влада, ќе преговара за нов договор.

Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија вели дека ако Договорот од Преспа не дојде во грчкиот Парламент од оваа Влада, тогаш отвора пат за нови преговори.

Во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз“, тој изјави дека претседателот на партијата, Киријакос Мицотакис има кристално јасна позиција. Нова демократија нема да гласа за договорот, „ниту сега, ниту подоцна, ако Ципрас не го донесе во сегашниот парламент“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Договор ослободен од секаков елемент што го одржува и храни историски неточниот иредентизам на Скопје и опасниот национализам на различни екстремни кругови. Добро знаеме дека таквите преговори ќе бидат исклучително тешки. Ќе се водат во неповолна меѓународна средина и ќе бидат оптоварени од претходното од Договорот од Преспа. Од она што не само што беше разговарано, туку и договорено од владата во заминување на СИРИЗА и Независни Грци “– вели Кумуцакос. 

Во однос на изјавите на премиерот Заев што предизвикаа реакции во Грција, одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, вели дека во договорот јасно пишува дека официјален јазик на втората страна ќе биде македонскиот јазик.

„Оние работи што писмено и јасно се споменати во Договорот од Преспа во член 1.3 „официјален јазик на втората страна ќе биде македонскиот јазик“. Односно во меѓудржавен договор, Грција се обврза да го прифати постоењето на македонски јазик и националност. За ова се договорија господата Ципрас, Коѕијас и Каменос. Не се поставува прашање на толкување. За да ги парафразирам зборовите на премиерот, Заев едноставно „живее” во текстот на Договорот од Преспа“ – вели Кумуцакос во интервјуто за грчкиот весник.

Премиерот Зоран Заев верува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе исполни се што е договорено во рамките на преспанскиот договор.

Тој на денешната дебата за предложените амандмани на Уставот што се одржа во Штип, забележа дека во духот на имплементацијата на Договорот со Грција, ќе се гради пријателство меѓу двете земји, а не непријателство.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа