19 Април, 2024
0.0264

„И Грујо не беше претседател на држава, затоа се пресели човекот“ - реакциите не престануваат

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

„И Грујо не беше претседател на држава, затоа се пресели човекот“. 

Ова е една од бројните реакции на фејсбук и на твитер, каде не престануваат шеговитите досетки  на сметка на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дека и тој би се иселил да не е претседател на држава.

Стево Пендаровски би се иселил од Македонија ако не бил претседател. Значи, за да останете, бидете политичари, оти за други живот нема. Сурово, но реално...“, се вели во една од реакциите на Фејсбук.

Друга порака, пак, на социјалната мрежа Фејсбук гласи, „Значи во ред претседателе, сите еден ден ќе заминеме“.

„Пендаровски, кога ќе си оди, нека го изгасне светлото во државава“, напишал еден од твитерџиите.

Друг, пак, пишува „Мотиватор од серијата се гледаме на врвот“.

А реакциите вчера почнаа веднаш откако претседателот Пендаровски ја даде таа изјава.

„Свечено испраќање на претседателот Стево на аеродром“, беше една од шегите што се појавија на социјалните мрежи, откако претседателот Стево Пендаровски, на младински форум во Нови Сад, рече дека со плата од 400 евра, и тој би се иселил од земјава доколку не е претседател.

На Фејсбук се формирала и група која е наречена „Свечено испраќање на претседателот Стево на аеродром“.

А во своето соопштение после изјавата, кое беше како еден вид дообјаснување од претседателот, стоеше дека неговата изјава дадена на Регионалниот младински форум во Нови Сад, не треба да се става во дневно-политички пресметки. Претседателот е на став дека одговорноста за иселувањето е на сите политички водства, вклучително и негова.

А што рече претседателот на Форумот?

„Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот, и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја“, рече Пендаровски. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?