И ИНТЕРПОЛ ГО БАРА: Нема трага од третиот напаѓач на убиениот Саздовски
Објавено во: Македонија 19 Август, 2018
Третиот напаѓач осомничен за свирепото убиство на младиот Никола Саздовски по кој трага и Интерпол се уште не е достапен за органите на прогнот.
Адвокатите, како што пренесоа дел од медиумите ќе бараат реконструкција за убиството бидејќи регистрирале пропусти во истрагата.
20 годишниот Саздовски беше претепан на брутален начин, со тупаници и клоци во главата и градниот кош и токму начинот на убиство беше причина делото да се преквалификува од насилство во свирепо убиство.