И ЈАС СУМ САМО ОБИЧЕН ЧОВЕК: Вучиќ во опуштено издание, изненади со фотографија на која не сме навикнати
Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2021
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги изненади сите со фотографија што ја сподели преку својот Инстаграм профил. Тоа е издание што граѓаните не го гледаат често: опуштено, насмеано, одмарајќи и уживајќи.
-Вечерите се ретки кога се смеам и опуштам. Седам во подрумот на татко ми, пијам српски шардоне и се подготвувам за тешки обврски. Само за да не помислат луѓето, како да се правам, дека секогаш работам. Сакав да кажам, и однапред знам дека малкумина ќе поверуваат, јас сум само обичен човек, напиша Вучиќ.