25 Април, 2024
0.0269

И кадар на ДУИ е во игра: Борба за директорското место во МЕПСО

Објавено во: Економија 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Демократската унија за интеграција, владиниот коалиционен партнер го бара директорското место во МЕПСО, дознава Фактор од свои извори. Преговoрите се во тек, брифираат и владини извори и потврдуваат дека имало разговори, на чело на оваа компанија да застане кадар од ДУИ. Сепак велат дека и покрај тоа што имало начелен договор, во текот на вчерашниот ден, разговорите оделе во насока поделбата на директорските позиции да остане таква каква што беше и пред „метлата“ на премиерот Зоран Заев со која тој смени над дваесетина директори и уште педесетина членови на одбори.

Чистката ги зафати и двете најголеми и најмоќни државни компании енргетските МЕПСО и Електрани на Северна Макеоднија. Премиерот предложи разрешување на директорот Сашо Василевски и на Драган Миновски од ЕСМ. Тој предлог треба да помине уште еден филтер, но се уште е нејсано кои ќе бидат новите луѓе кои ќе седнат во испразнетите места.

На местото на Миновски во Електрани, според веќе објавеното беше предложен и ќе седне довчерашниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, но до сега не е објавено името на наследникот на Василевски. Според нашите извори МЕПСО уште пред Василевски било пикирано од ДУИ, но тогаш не станало збор за такви рокади. По смената оваа промена била актуелизирана, но иако преговорите уште се во тек, од вчера станало неизвесно дали Заев ќе попушти и ќе дозволи ДУИ да влезе во електропреносниот оператор.

А.Т.   


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?