28 Март, 2024
0.0281

И Кочо Анѓушев може да згреши! Која е неговата единствена промашена инвестиција?

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Дали македонскиот клубски фудбал е „сива зона“ во која не важат економските правила и пазарната конкуренција? Не е мал бројот на бизнисмени кои вложија, но немаа резултати и излегоа од бизнисот без профит, а повеќето и без вложеното. Нај тазе е примерот на Кочо Анѓушев, по многумина најуспешниот македонски претприемач, инженер – бизнисмен кој ја одбележа последната декада во нашата национална економија со неколку успешни старт ап компании и со воскреснувањето на велешки „Брако“. Горко ли беше искуството со велешкиот фудбалски прволигаш „Борец“ и колку стотици илади евра тука изгуби „Брако“ на Анѓушев?

Само оној што не работи ништо не може да згреши, вели народната мудрост. И бизнисмен од калибарот на Кочо Анѓушев, може да направи грешка во деловните одлуки. Вложувањето во велешкиот фудбалски прволигаш , со фудбалски речник кажано, го остави „Брако“ на Анѓушев во „офсајд“ кој чини , можеби над 200.000 евра, и со загуба на крај на ланската година од 45.000 евра, покажуваат официјалните податоци од ревизорскиот извештај на акционерското друштво ФК „Борец“ за 2020 година, податоци достапни на следниот линк

Кога „Брако“ го основа АД ФК „Борец 1919“

Во јули 2019 година велешки ФК „Борец 1919“ по децениски второлигашки стаж имаше огромна амбиција и капацитет да влезе во првата македонска фудбалска лига. Согласно законските услови секој фудбалски прволигаш мора да биде акционерско друштво за да може да се натпреварува. Токму заради тоа „Брако“ вложи 25.000 евра во соновачкио влог на ФК „Борец 1919“ и клубот стана акционерско друштво. Во својата прва сезона во првата лига (2020-2021) „Борец 1919“ успеа да избори опстанок и во есента 2021 година да ја почне својата втора прволигашка сезона. „Брако“ како единствен сопственик на клубот беше веројатно и единствениот спонзор и донатор на клубот. Во овој период (од јули 2019 година до крај на декември 2020 година) повеќе од 280.000 евра се од донации и спонзорства, а уште 60.000 евра се пари од продажба на фудбалери и тоа се 99 отсто од приходите на ФК „Борец 1919“ за периодот од јули 2019 до крај на 2020 година.

За овој период расходите на ФК „Борец 1919“ достигнале 325.000 евра. При тоа акционерското друштво ФК „Борец“ 2019 година ја завршило со загуба од нешто над 5.000 евра, а 2020 година загубата била поголема од 40.000 евра. Значи „топтан“ за година и пол загубата надминала 45.000 евра. Токму и заради тоа ревизорите во својот извештај заклучиле дека (цитираме) : друштвото има вкупни тековни средства во вкупен износ од 388.000 денари и вкупни тековни обврски од 1,933 милиони денари односно негативна разлика во корист на обврските од 1,545 милиони денари. Исто така вкупните средства се помали од вкупните обврски за 722.000 денари за кој износ капиталот на друштвото е негативен. Овој сооднос на средства и обврски доведува до појава на значаен ризик во можноста друштвото да продолжи да работи во иднина по принципот на континуитет без соодветна поддршка од сопственикот“.

Ова значи дека ревизорите констатирале дека постои неизвесност во бизнис моделот на „Борец“ и егзистенцијата ќе зависи од поддршката на сопственикот.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста пред шест дена ги достави следниве прашања до „Брако“:

-Дали Брако ДОО е уште акционер, дали продаде дел од акциите или целосно истапи од акционерската структура на АД ФК Борец 1919? 

-Доколку истапи од соственоста во „Борец“ од кои причини го направи тоа и што беше пресудно да се направи тој чекор?

- Дали македонскиот фудбал има бизнис потенцијал доволен од клубот да се создаде самоодржливо претпријатие?

-Дали постои конкурентно деловно опкружување и лојална конкуренција во македонскиот фудбал?

На кои досега не добивме одговори, кои доколку ги добиеме ќе ги објавиме во целост.

Што се случило годинава?

Заради тоа што не добивме одговори од „Брако“ не можевме да ја демантираме или потврдиме неофицијалната информација дека компанијата на Анѓушев повеќе не го води фудбалскиот клуб „Борец 1919“. И дека во меѓувреме паднал договор клубот да „премости“ со поддршка на Општина Велес и на еден локален бизнисмен кој се понудил да даде поддршка. Во втората прволигашка сезона „Борец“ по девет одиграни кола се наоѓа во зоната за испаѓање од првата фудбалска лига. Се наоѓа на 10 место во конкуренција на 12 екипи со шест порази и две победи, со седум освоени бодови. 


Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“