И МОДЕРНА ОДОБРЕНА ЗА ТРЕТА ДОЗА: Ќе се дава на возрасни над 18 години, шест месеци по целосна вакцнинација
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2021
По вакцината на Фајзер/БиоНТек, Европската
агенција за лекови (ЕМА) објави дека ја одобрува и вакцината на компанијата
Модерна како бустер доза, која ќе се аплицира на возрасната популација над 18
години и тоа шест месеци по целоисна вакцинација.
ЕМА претходно одобри трета доза на „Фајзер/Бионтек” во октомври и препорача вакцинација со трета доза вакцини од „Фајзер/Бионтек” или „Модерна” за луѓе со ослабен имунолошки систем.
Земјите-членки на ЕУ одлучуваат дали општата популација треба да ја прими третата доза, а истовремено, европскиот регулатор информира дека го следи ризикот од срцеви заболувања и други многу ретки несакани ефекти по добивањето засилена доза.
Извор: МИА