И МОДЕРНА ЗА ИТНА УПОТРЕБА: СЗО ја одобри и оваа вакцина за да се надминат доцнењата на испораките
Објавено во: Свет 02 Мај, 2021
Вакцината на
компанијата Модерна е одобрена за итна употреба. Ова го стори Светската
здравствена организација (СЗО) , а се очекува да се забрзаат и националните
одобрувања од страна на што поголем број земји. Со оваа вакцина се имунизира
населението во САД, Велика Британија, Израел, Сингапур...
Фармацевтскиот гигант Модерна веќе ги објави планови за проширување на производната мрежа за да го зголеми капацитетот до 3 милијарди дози во 2022.
Според СЗО целта е што побрзо да бидат достапни лековите, вакцините и дијагностиката за корона вирусот. Помошничката на генералниот директор на СЗО, Марианџела Симао изјави дека дека е исклучително важно на располагање да бидат што поголем број одобрени вакцини за да се надминат доцнењата во испораките, особено од Индија, која како најголем произведувач на вакцини во светот, привремено го сопре извозот поради незапамтеното разгорување на епидемијата.