19 Април, 2024
0.0269

И МОЌНИОТ ШПЕДИТЕР „ФЕРШПЕД“ ГИ ОБЈАВИ БРОЈКИТЕ - еве како работела компанијата во првите шест месеци од годинава

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Профит од 709 илјади евра, толку прикажа шпедитерската коммашнија Фершпед за првите шест месеци од годинава. 

Во однос на истиот период лани, тоа е само благо намалување на добивката за 4 отсто, покажа Билансот на успех на компанијата.

„Фершпед АД Скопје за периодот Jануари – Jуни 2022 година оствари оперативна добивка во износ од 43.585 илјади денари  искажана во неревидираниот Биланс на успех“, се вели во образложението на финансискиот резултат.

Остварените вкупни приходи за период Јануари – Јуни 2022 година изнесуваат 2.210.869 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат пораст од отсто%.

Оперативните приходи изнесуваат 2.207.574 илјади денари и бележат пораст од 8 отсто во однос на оперативните приходи за истиот период 2021 година.

Финансиките приходи се намалени во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за период Јануари - Јуни 2022 година во износ од 2.165.285 илјади  денари бележат пораст од 8 проценти во однос на вкупните расходи  за истиот период  2021 година. Оперативните расходи во првото полугодие од 2022 година изнесуваат 2.163.989 илјади денари и истите се зголемени за 8 отсто во однос на првото полугодие од 2021 година.

Финансиските расходи  бележат пораст во однос на  истиот период  минатата година.

Остварената нето добивка  за  периодот Jануари – Jуни 2022 година изнесува 39.863 илјади денари.

Дивиденди

На Годишното собрание на акционери одржано на 31.05.2022 година одобрена е пресметка и исплата на дивиденда од акумулирананераспределена добивка на друштвото од минати години во бруто износ од  8.966.650 денари, односно 550 денари бруто износ по акција.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин