29 Март, 2024
0.0307

И НБМ СЕ ОГЛАСИ ЗА КАУЦИЈАТА НА МИЈАЛКОВ - секогаш сме работеле согласно законските надлежности

Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Кауцијата на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и начинот како таа помогна да му се укине мерката притвор, не престанува да ја бранува јавноста.

Се почна кога главниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју изјави дека во целата оваа постапка Комерцијална банка дала согласност таа да биде доверител од втор ред, а државата од прв ред. Јовески отиде и уште понатаму и ја прозва Народната банка, повикувајќи ја да испита дали со оваа согласност некој излегол надвор од своите службени овластувања, 

„Во постапката Комерцијална банка Скопје даде согласност дека сака да биде доверител од втор ред, додека државата да биде доверител во делот на гаранцијата од прв ред… Сметам дека Народната банка треба да испита дали со оваа согласност некој излегол вон рамките на своите службени овластувања или, пак, се доведени во прашање интересите на другите коминтенти на Банката“, рече Јовески. 

По жестоката реакција на оваа изјава од Комерцијална банка, која банката ја објави преку писмено соопштение до јавноста, и во која тие го обвинија Јовески дека изнесува неточни информаци, кои според нив се обид за дефокусирње на јавноста, префрлање на одговорноста и создавање на перцепција за одговорност на други субјекти, а не на правосудните органи, Фактор се обрати до Народна банка која беше прозвана во овој случај. 

Од таму кусо одговорија дека секогаш постапуваат во согласност со законските прописи, не сакајќи да навлезат во било каква друга расправа со обвинителот Јовески кој ги повика да го испитаат работењето на Комерцијална банка. 

„Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека Народната банка секогаш постапува согласно со своите законски надлежности, како супервизорски орган на банките во земјата“, се вели во одговорот што Фактор го доби од Комерцијална банка. 

Фактор бараше став и од Обвинителството, односно што тие имаат да кажат по ваквата реакција контра обвинителот од страна на Комерцијална банка. 

Но, од обвинителството беа децидни дека не сакаат да даваат дополнителни коментари од она што во интервјуто го кажал главниот државен обвинител Љубомир Јовески.

Комерцијална банка, пак, вчера, во своето соопштение нагласи дека Апелациониот суд е тој што донесе пресуда со која се укина мерката притвор за лицето Сашо Мијалков, а не Комерцијална банка. 

„Доколку Обвинителството, кое е само една од странките во таа постапка, има проблем со пресудата на Апелациониот суд, тогаш може да преземе активности пред надлежните судски власти согласно своите законски овластувања, а не да ја замајува јавноста со неточни информации за гаранциите и хипотеките. Комерцијална банка не е странка во таа постапка“, се вели во соопштението од Комерцијална банка.

Натаму, тие додадоа дека пторо, по барање на Бест Веј како хипотекарен должник за гаранцијата за Сашо Мијалков, а и по барањата на Обвинителството, во два наврати, во мај и во октомври 2021 година, Комерцијална банка само се согласила државата да има прв приоритет над понудениот имот (наместо приоритетот на Комерцијална банка) и Комерцијална банка да стане доверител од втор ред. 

„На товар на тоа што одобри државата да има прв приоритет, Комерцијална банка од хипотекарниот должник побара и доби ново дополнително обезбедување во хартии од вредност (акции) и градежно земјиште“, велат од Комерцијална банка. 

Нагласуваат и дека изјавата на обвинителот дека „обвинителството во целата постапка што се водеше по повод понудената гаранција зазеде цврст став да не се прифати понудената гаранција“, како што велат, воопшто не е точно, нагласувајќи дека „уште во мај 2021 година, Обвинителството се согласило да ја прифати понудената гаранција“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка