21 Септември, 2021
0.0203

И неколку месеци по спорниот увоз на мазут, компаниите работат: Ќе има ли расплет во октомври?

Објавено во: Економија 14 Септември, 2021

До средината на октомври треба да има расплет во однос на аферата со мазутот за која во јули Регулаторната комисија за енергетика почна постапка кон четири трговци на големо со сурова нафта и нафтени деривати. Од комисијата за Фактор потврдуваат дека до тогаш ќе истече дадениот рок до кога овие трговци на големо требаше да се усогласат со Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви. Станува збор за отворени постапки за одземање лиценци по доставен допис од Државниот пазарен инспекторат во кој биле посочени РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје и Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.

„Во овој период до истекување на рокот, РКЕ ги очекува записниците од Државниот пазарен инспекторат, кои ќе служат како доказ дали трговците ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут. Доколку по утврдениот рок некој од трговците не ги обезбедат резервите – ќе им биде одземена лиценцата за работа во делот за мазут. За сите донесени одлуки во однос на ова прашање, РКЕ детално ќе информира штом завршат сите постапки во дадениот рок, стои во одговорот од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги доставен на прашањата на Фактор.

Велат дека иако согласно Правилникот e пропишан рок до 6 месеци во кој компанијата може да го усогласи своето работење со законските прописи, РКЕ  донела одлуки со кои овој рок значително е скратен и  ги задолжиле трговците на големо за 90 дена да достават доказ – записник од Инспекторатот.

Веднаш по објавата на аферата за увоз и употреба на неквалитетен мазут, во јуни годинава Владата соопшти дека за седум компании се покренети прекршочни пријави и тие добија парични казни, а за дел од нив имаше и решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и беа покренети барања за одземање на лиценците.

Прекршочни казни беа изречени против компаниите „РКМ ДООЕЛ, „Супертрејд“, „Евротим“, Пертинакс- Скопје, „Ли-оил ДБ Кавадарци“, „Блу технолоџи“ и „Ка - оил Кавадарци“ која вршела трговија на мазут без лиценца од РКЕ.

Кај дел од нив биле констатирани неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција. Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши тогаш на прес-конференција информираа дека кај компанијата „Евротим“ се констатирани неправилности и ѝ е изречена времена забрана за пуштање во промет на мазут, откако е утврдено дека увезениот мазут бил со вредност и кои не одговараат со Правилникот за квалитет на течни горива. Компанијата „Блу Технолоџи”, пак, продавала мазут ППД кој што не е деклариран во Правилникот и на оваа компанија, поради што ѝ е изречено решение за привремена забрана и пуштање во промет на пронајдениот производ. Кај компанијата „Санс АГ” е утврдено производство на мазут од отпадни гуми и ѝ е изречена забрана за работа. Поднесено беше и барање за одземање на Б интегрираната дозвола.

Кај пет цистерни на Супертрејд, утврдено е отстапување на мерките, во делот на поголем дел на вода од дозволеното. При спроведената внатрешна контрола на Царинската управа кај РКМ ДООЕЛ е утврдено дека пријавил нафтен дериват кој не подлежи на акциза, но по контролата е увидено дека станува збор за мазут, што подлежи на акциза. Од фирмата е наплатен царински долг во вредност од над 24 илјади евра.

Вонредните контроли на увозот на мазут следуваа по истражувањето на ИРЛ за увозот на мазут. Според истражувањето, најмалку две години, во периодот од 2018 до 2020 година, граѓаните во повеќе македонски градови биле труени со опасен мазут, увезен и користен од фирми кои притоа направиле милионски профити.

Во меѓувреме, пред неколку дена Регулаторната комисија извести дека се одземени лиценците на три компании трговци на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, но овиене се поврзани со претходната афера. Одлуките за одземање на лиценци се донесени затоа што посочените трговци на големо немале складишни капацитети за чување на резерви на нафтените деривати, што всушност се основни средства и услов за вршење на енергетска дејност.

„НаДруштвото за градежништво, трговија и услуги Гуливер Инженерин  му се одзема лиценцата за вршење на енергетската дејност  трговија на големо со Еуродизел БС. Исто така одземена е лиценцата за вршење на енергетска дејност за трговија на големо со мазут - М1 (НС) на Друштвото за трговија, градежништво и услуги ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје. Додека на Друштвото за трговија со технички гас и опрема БАШИНО ГАС извоз-увоз ДООЕЛ Велес е одземена лиценцата за трговија  на големо со течен нафтен гас (ТНГ), информираа од РКЕ.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОПИШАНИ НАД МИЛИОН ГРАЃАНИ: Еве колкумина се попишале од странство

ПОПИШАНИ НАД МИЛИОН ГРАЃАНИ: Еве колкумина се попишале од странство

ОД ДЕНЕС ДИЗЕЛОТ СЕ ТОЧИ ПО ПОЕВТИНА ЦЕНА а еве колку ќе се плаќа за бензин

ОД ДЕНЕС ДИЗЕЛОТ СЕ ТОЧИ ПО ПОЕВТИНА ЦЕНА а еве колку ќе се плаќа за бензин

Владата од 2022 размислува повторно да субвенционира нискобуџетни летови

Владата од 2022 размислува повторно да субвенционира нискобуџетни летови

МИСЛАТ ЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ - уште ништо не е извесно за недела неработен ден, се прават напори да се фати рокот

МИСЛАТ ЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ - уште ништо не е извесно за недела неработен ден, се прават напори да се фати рокот

Бугарите не доаѓаат во Делчево, локалната економија е во криза

Бугарите не доаѓаат во Делчево, локалната економија е во криза

Од Владата велат дека нема простор за поскапување на лебот

Од Владата велат дека нема простор за поскапување на лебот

Работа има, но фалат работници

Работа има, но фалат работници

Два клучни фактори ја креваат цената на нафтата во светот

Два клучни фактори ја креваат цената на нафтата во светот

Заев го искоментира растот на цените и стравот од инфлација

Заев го искоментира растот на цените и стравот од инфлација