23 Април, 2024
0.0270

И ние ќе помагаме во заштитата од фалсификуваните ковани евра - Народна банка склучи договор со ЕК

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Со размена на писма за соработка помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, Марко Бути, се склучи Договор за соработка во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување. 

„Согласно со одредбите од склучениот договор, соработката ќе се одвива преку размена на технички, статистички и административни информации поврзани со фалсификуваните ковани евра откриени на територијата на нашата земја“, соопштија од Народната банка. 

Со Договорот, меѓу другото, предвидено е Народната банка да доставува одделни известувања до Европската комисија, како и квартални извештаи со статистички податоци за појавените фалсификувани ковани евра. Особено е значајно што, согласно со одредбите од Договорот, Европската комисија ќе обезбедува и техничка и административна помош за Народната банка и ќе врши обуки наменети за експертите од нашата земја, за откривање фалсификувани ковани евра.

„Во изминатиот период, Народната банка, самостојно и во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведе низа активности за јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување пари, при што одделен акцент беше ставен и на спречувањето на фалсификувањето евра. Со склучувањето на овој договор, уште еднаш се потврдува заложбата на Народната банка за унапредување на соработката со европските институции во оваа сфера“, велат од НБМ.


Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи