20 Април, 2024
0.0275

И новиот комесар за европроширување сака ЕУ да ја исправи грешката

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Новиот еврокомесар за проширување и добрососедство на ЕУ, Оливер Вархејл и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на средбата остварена во Брисел, се согласиле дека е време да се донесе одлука за почеток на преговорите во ЕУ, со која грешката од октомври на Европскиот совет ќе се претвори во заеднички успех. Комесарот за проширување очекува одлуката за добивање датум за Северна Македонија и Албанија да се донесе на пролет.

„Дебатата беше многу охрабрувачка, се чини како да сме подготвени да продолжиме напред и да ја исправиме грешката од октомври и треба да ги почнеме  преговорите со Албанија и РСМ следната пролет“, истакна Оливер Вархеји, Комесар за проширување и добрососедство.

Во врска со новата методологија, Димитров рече дека се што ќе биде во интерес и за доброто на земјата ќе биде прифатено и од РСМ.

„Не чека уште многу работа, немаше одлука во октомври и ни беше кажано дека во јуни ќе има, затоа треба да го поправиме тоа. Мислам дека нема друга алтернатива за земјите од Западен Балкан освен интеграција во ЕУ. Ние нема да играме улога на жртва и да обвинуваме некого. Ќе продолжиме со добри вести и добри односи со соседите и ќе направиме да биде невозможно за сите земји членки на ЕУ повторно да и кажат НЕ на Северна Македонија“, изјави министерот Димитров.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите