14 Јануари, 2025
0.0250

И ОРЦЕ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ЕЛКА ВО ДОМОТ: Еве кој ја има главата улога во украсувањето

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Наближуваат новогодишните празници, а со тоа голем дел од политичарите сакаат на граѓаните да им покажат дека и тие, иако се функционери, сепак уживаат во скапоцени семејни мигови.
Па така, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски, на фејсбук покажа како изгледа неговата елка, која ја украсуваше заедно со неговата сопруга и синот Ведран.
Доаѓаат најубавите денови од годината, денови на радост и дом исполнет со среќа.

Во нашиот, за волшебната новогодишна магија главната улога му припаѓа токму на Ведран кој со нетрпение го чека овој период од годината. Новогодишните и Божиќните празници кои се на самиот праг, носат едно посебно чувство на топлина и хармонија во семејството - кај децата посебна возбуда и прекрасни спомени додека пак ние, повозрасните, уживаме во нивната насмевка и среќа.

Бесценети моменти!

Така е и вечерва кај нас, во нашиот скромен но топол дом.

Елката ја накитивме, а поставени се и магичните чорапчиња на Ведран во кои чека Дедо Мраз да му остави подарок.

Сѐ е подготвено!

Ова се, почитувани мои, исто така и денови на човечка сплотеност и поддавање рака.

Затоа, да бидеме луѓе помеѓу луѓето во овој турбулентен свет на предизвици и да си помагаме искрено и од срце, да ги негуваме вистинските вредности, оние на кои нѐ учеле нашите родители, баби и дедовци.

Да си помогнеме и да се грижиме еден за друг, бидејќи нема повозвишено чувство кога токму ти си причина за нечија насмевка, кога знаеш дека твојот мал гест некому предизвикал моменти на среќа.

Бог да подари огромна радост, бериќет, среќни мигови и топлина во секој дом! “, напиша тој на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори