25 Април, 2024
0.0286

И ОВА Е МОЖНО: Во иднина нема да користиме банкноти и ковани пари?

Објавено во: Економија 10 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Кинескиот гувернер Џу Сјаочуан вели дека е можно во иднина употребата на банкнотите и кованите пари постепено да се намалува и на крај да исчезне. 

Според него, постои таа перспектива. Гувернерот објаснува дека покрај платформите за мобилно плаќања, што се веќе општо присутни во Кина, како што се „Уичетпеј“ или „Алипеј“, „неизбежно е ширењето на електронски пари во рамки на технолошкиот развој“.

„Вистина е дека Кина драматично ги сузбива виртуелните валути како што се биткоин и етереум, ги затвора платформите за нивно разменување, забранува подигање средства во криптовалути и го осудува таканареченото рударење за тие валути. Сепак, Пекинг во принцип не е против новите технологии, под услов да се одобрени и регулирани од властите, да ги заштитуваат потрошувачите и да ѝ служат на реалната економија“- изјави Џу.

Тој потенцираше дека се противи на криптовалутите кои се на располагање и кои процветаа без да се потпираат на Владата или централните банки.

„Целиот свет ја гледа опасноста што ја носат, силна нестабилност на курсот, ние не ги сакаме тие спекулативни производи кои даваат илузија дека може да се збогатиш преку ноќ,“- додава тој.

Гувернерот рече дека биткоинот и другите криптовалути се развиле премногу брзо, без доволно претпазливост и дека тоа би можело да има негативни последици за потрошувачот и непредвидливо влијание на финансиската стабилност.

Меѓутоа, централната банка не им ја затвора вратата на тие валути.

Кинеската централна банка веќе три години организира семинари за криптовалути. Владата минатата година отворила лабораторија за истражување, посветена на блокчејн технологијата која е веднаш зад биткоин.

Кинескиот гувернер вели дека кинеската централна банка блиску соработува со други учесници на пазарот околу разгледувањата за тоа како во иднина да се регулира оваа сајбер валута.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди