20 Април, 2024
0.0258

И покрај податоците, војната на СЗО против тутунските алтернативи продолжува

Објавено во: Мои пари 04 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) за „борбата против тутунската епидемијата“ го блокира пристапот за возрасните до помалку штетните опции од цигарите, тврди Линдзи Штрауд, директор на управниот одбор на Центарот за промет на алтернативи без чад и директор на Центарот за потрошувачи во Сојузот за заштита на даночните обврзници на САД.

Коментирајќи го извештајот во кој СЗО ја осудува употребата на електронските цигари и т.н. „вејпинг“ (испарување) производи, Страуд вели дека извештајот е „измамнички“ и дека СЗО на овој начин ги „демонизира електронските цигари“, бидејќи бара од државите строго да ги регулираат модерните револуционерни технологии. Со тоа СЗО ја отфрла, па дури и ја игнорира самата идеја и науката која стои зад концептот за намалување на штетноста на тутунот, вели таа.

Во авторска статија за Insidesources, Страуд потсетува дека СЗО е истата организација која бара намалување на сообраќајните несреќи преку строги стандарди при производство на автомобили. „Овој пристап треба да се примени и кај тутунот“, вели Штрауд, додавајќи дека СЗО тоа не го прави и дека: „На 212 страници овој концепт се споменува вкупно четири пати, и секојпат кога ќе се спомене, СЗО вели дека тутунските компании го користат за да ја промовираат употребата на нивните производи и дека тоа„ им штети на успешните иницијативи за контрола на тутунот “, наведува  таа и додава дека на пушачите не би им ни биле потребни модерните замени за цигарите доколку мерките за контрола на тутунот се покажаа ефикасни.

Исто така, Страуд верува дека производителите треба да бидат во можност да понудат помалку штетни алтернативи што ќе им помогнат на пушачите да ги остават цигарите.

Директорката на одборот на Асоцијацијата за продажба на алтернативи без чад посочува дека СЗО со извештајот „официјално објави војна против намалувањето на штетите од тутунот“, игнорирајќи го широкиот спектар на докази за помалку штетните алтернативни производи и нивната способност да им помогнат на возрасните да се откажат од пушењето и засекогаш да се елиминира тутунскиот чад.

„На крајот на краиштата, цигарите се всушност тие кои се победници, а СЗО продолжува да им препорачува на земјите да се потпираат на даноците за цигарите, блокирајќи го истовремено пристапот до намалување на штетноста на тутунот за возрасните“, заклучува Страуд.


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!