17 Април, 2024
0.0248

И покрај првичните негодувања Русија ќе ни се обраќа со Република Северна Македонија

Објавено во: Македонија 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Русија ја признава Македонија под новото официјално име Република Северна Македонија. Ова станува јасно по соопштението од руското МНР.

Официјална Москва ја призна Република Северна Македонија и покрај резервите кои Русија претходно ги изразуваше по прашањето на легитимитет на промената на името.

-Руската Федерација ја признава оваа земја под новото име Република Северна Македонија-стои во соопштението.

Македонскиот парламент едногласно на 11 јануари ја усвои уставната промена со која земјава, согласно со Преспанскиот договор, го промени името во Република Северна Македонија и така стави точка на повеќегодишниот спор кој го имала со Грција во врска со своето име.

Русија имаше Коментар веднаш по усвоените амандмани

 „Видливо е продолжувањето на процесот наметнат однадвор со цел Скопје форсирано да се вовлече во НАТО. Тоа се прави со нарушување на македонското законодавство. Позицијата на првиот човек на Република Македонија и мислењето на мнозинството од населението, кои ја отфрлаат „преспанската зделка“ се игнорираат“, пишуваше во коментарот даде по усвоените амандмани.

„Позицијата на Руската федерација за проблемот со македонското именување на државата останува непроменета – стабилно решение треба да се најде без надворешен притисок, наметнувањето на рокови и услови од надвор, со потпирање на широка општествена поддршка, како во Република Македонија, така и во Грција и исклучително во рамките на правното поле. Поаѓаме од тоа што даденото прашање треба да се разгледа во СБ на ОН во согласност со членот 3 од резолуцијата на СБ број 845“.

По реакција од Атина на руските коментари, се јави заменикот министер Александар Грушко со изјава дека „Ние не се мешаме во внатрешните работи на Грција, но во тие прашања кои влегуваат во компетенции на СБ на ОН, Русија ќе ја кажува својата точка на гледање“. Според него оценките во коментарот на руското МНР се принципиелни  и се поврзани со целата историја  за тоа како течеа преговорите, под каков меѓународен притисок, на мешањето без преседан од страна на Запад за постигнување на целосно геополитички цели.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта