22 Мај, 2018
0.3303
    ALK 7923.39    -1.94%     CEVI 927    -2.93%     EUHA 3    0%     EVRO 3000    7.26%     GRNT 716    -1.35%     GTRG 3000    0%     KMB 4300    -0.99%     MKSD 200    -1.96%     MPT 31000    0.54%     MTUR 4100    0%     OKTA 3550    -4.05%     PPIV 44478.76    -0.05%     RMDEN09 98.5    1.55%     RMDEN10 98    0.2%     RZLV 44.13    -1.93%     STB 1018.27    0.5%     STBP 1121.15    1.19%     STIL 131.24    -0.75%     TEL 270    0%     TNB 13488.48    -0.09%     TPLF 1543.72    -3.93%     UNI 2361    -2.44%     ZILU 263.29    7.47%     ZPKO 2857    0.04%

И Прванов се вмеша во дебатата за името на Македонија

Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2018

Додека преговорите меѓу Македонија и Грџија за спорот за уставното име се засилуваат од бугарска страна беше доста мирно, но тој „молк“ го прекина поранешниот претстедател Горги Прванов кој истакна дека конечното решение не смее да биде на штета на Бугарија. Тој  во утринската емисија на БТВ оцени дека е добро што процесот на преговори е одблокиран, но за некои работи е загрижен.

- Ме загрижува тоа што почнуваат да се водат разговори во насока на неколку решенија, од кои некои не се поволни за бугарската страна, нагласи тој.

Прванов, кој беше претседател на Бугарија од 2002 до 2012 година, потсети дека Бугарија ја признала Македонија под уставното име. 

- Да, ние ја признавме Македонија под уставното име, при тоа бевме први кои го сторија тоа, но претставувањето на решенијата како Горна Македонија или Северна Македонија се во полза на Грција, но на сметка на Бугарија, нагласи Прванов. 

Истакна дека на Бугарија не и е сеедно како ќе завршат овие преговори и додаде дека во еден момент ќе мора да има и некакво усогласување со бугарската страна.

- Името Северна или Горна Македонија го вклучува Пиринскиот регион, Егејскиот регион не го коментираме, а истовремено претензиите кон Бугарија остануваат, лебдат во воздухот. Ова е нешто за кое најмалку треба да преговараат владите на двете земји, додаде тој.

Според него деблокирањето на преговорите меѓу Атина и Скопје е пред се поради притисокот од Запад, односно од САД.


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ПАЃАШЕ ГРАД: Побелеа градовите

(ФОТО) ПАЃАШЕ ГРАД: Побелеа градовите

Каменос: Скопјаните го имаат убедено нивниот народ во еден мит што го изгради Тито

Каменос: Скопјаните го имаат убедено нивниот народ во еден мит што го изгради Тито

Турците ќе ја освојуваат вселената - но како?

Турците ќе ја освојуваат вселената - но како?

(ВИДЕО) Еве како насилниците го нападнаа Бутарис

(ВИДЕО) Еве како насилниците го нападнаа Бутарис

Додик вели не смеат Србите да се колебаат за единство на РС и Србија

Додик вели не смеат Србите да се колебаат за единство на РС и Србија

Џафери на гости кај Брнабиќ

Џафери на гости кај Брнабиќ

Вучиќ: Македонија ќе добие само пофалба

Вучиќ: Македонија ќе добие само пофалба

СТРАВ ВО КОСКИ: Се плашат од сограѓаните кои се бореле за ИД

СТРАВ ВО КОСКИ: Се плашат од сограѓаните кои се бореле за ИД

Бебе паднало од тереса - лекарите се борат да го спасат

Бебе паднало од тереса - лекарите се борат да го спасат