И сенка на плажа се наплаќа
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2019
На островот Крк се наплаќа сенка на плажа.
Во местото Пунат на островот Крк, на Јадранското море, се наплатува сенка на плажа. На социјалните мрежи, се појави фотографија од ценовник снимен во камп во Пунат.
Таму дрвена лежалка се наплаќа 30 куни, но нема бесплатно да бирате место, туку место во сенка за возрасни ќе платите 2 евра или 15 куни, а место во сенка за деца ќе ве чини 1,35 евра или 10 куни. Ова предизвика многу реакции.