И СЗО ТВРДИ: Во Северна Кореја нема заразени со Ковид-19
Објавено во: Свет 08 Април, 2020
Во една од 18-тте земји, кои досега немаат пријавено заболен со новиот коронавирус, Северна Кореја, има
само 509 луѓе кои се ставени во карантин. СЗО вели дека таму се прават тестирања,
но нема позитивен случај до сега.
Едвин Салвадор, претставникот на СЗО за Јужна Кореја истакнува:
- Земјата има има капацитет да изврши тестови за коронавирусот во националната референтна лабораторија во Пјонгјанг. Заклучно со 2 април, 709 лица, меѓу кои и 11 странци, биле тестирани. Нема извештаи за случи заразени со Ковид-19, вели Салвадор.
Според неговите кажувања, 509 лица кои се во карантин, од кои двајца се странци.