И ветиле укинување на пресудата за нејзиниот син со што изнудиле 2.300 евра
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2021
Кумановка e измамена за 2.300 евра.
Шеесет и седумгодишната жена ги дала парите на лице кое ѝ ветувало дека ќе издејствува укинување на пресудата за нејзиниот син со која тој бил на задложително психијатриско лекување.
„На 27.09.2021 во 10.05 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2300 евра“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Во февруари 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да и помогне, односно дека може да издејствува да се укине пресудата за нејзинот син, кој бил на задолжително лекување во Психијатриска болница во Скопје. Откако се договориле, пријавителката од февруари до април во неколку наврати ги предала парите на лицето, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека е измамена.
Полицијата работи на расчистување на случајот.