И во Албанија се молат за победа на Ердоган над неверниците?
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2018
Албански имам од џамијата во градот Скадар на северот од земјата побара од верниците да се молат за победа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кого го нарекол „нашиот спасител“.
Имамот Наим Дриај, на петочната молитва побара од верниците да ги подигнат рацете кон небото и да го молат Господ „да триумфира Еродган наспроти неверниците“.
„На муслиманите во светот им се направени многу неправди. И нам овде ни се случиле многу неправди. Ердоган е наш заштитник и доколку и вие го мислите истото, тогаш подигнете ги рацете кон небото и молете го Алах да победи Ердоган на неделните избори“- изјави имамот.
Веста доби широк публицитет во турските медиуми и имамот, кој е за Ердоган, преку ноќ станал познат во Турција.
За овој случај, до сега, нема реакција од муслиманската верска заедница на Албанија, која претходно упати апел имамите да избегнуваат политички изјави за случувањата во земјата и надвор од неа.
Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори.