„И во Македонија се може“- Универзитетот ФОН продолжува со стипендии за средношколците од 3 и 4 година
Објавено во: Мои пари 20 Март, 2019
Веќе 13 години Универзитетот ФОН ја спроведува кампањата за стипендирање на најдобрите средношколци - „И во Македонија се може“.
Стипендистите кои биле дел од оваа кампања се добитници на награди од Обединетите нации, Светска банка, Микрософт, Хјулит Пакард. Истите работат во Европската Комисија, како млади истражувачи на светски универзитети, меѓународни и домашни компании и институции.
Идните стипендисти и студенти во текот на нивите студии ќе бидат менторирани од страна на професорите и претставници на компаниите а првите вработувања се очекуваат во текот на самите студии.
Право на аплицирање имаат сите средношколци во 3та и 4та година кои се запишани во средните училишта во Македонија.
Аплицирањето е online на интернет страницата на ФОН или директно на овој линк:http://fon.edu.mk/novost.aspx?ln=mk&cid=372